Зеленски свика вонредна седница на украинскиот Совет за национална безбедност по уривањето на браната Нова Какховка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана поради експлозијата на браната Нова Какховка, во јужна Украина, јави на Твитер секретарот на Советот Олексеј Данилов, цитиран од британските медиуми. „Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста […]

Српските млекопроизводители на колена, Србија стана увозник на млеко


Во 2021 година Србија извезла 88.692 тони млеко, а увезла 60.114,5 тони. Минатата година извозот падна на 78.948 тони, додека увозот скокна на 83.656 тони. Во првите три месеци од годинава, дефицитот во трговијата со млеко речиси го достигна дефицитот за целата ланска година. Извезени се 7.109 тони млеко, а увезени се 11.190 тони. Според […]

Нова серија воздушни напади врз Киев, соборени над 20 руски ракети


Русија во текот на ноќта почна нова серија воздушни напади врз Киев, а властите во главниот град на Украина соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 20 руски крстосувачки ракети, пренесоа британските медиуми. -Сите беа соборени, немаше погодоци во целта, изјави шефот на воената администрација во Киев, Серхи Попко, во порака на каналот […]

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија


Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева. На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо. Како што најавија од Филхармонија, рециталот почнува со Кантата бр. 106 на Бах и продолжува со […]

Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова


Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде промовирана новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 40 песни, поделени во […]

Разнесена огромната брана на Днепар кај Херсон, ќе има масивни поплави


  Масивната брана Каховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина, а е под контрола на Русија, ноќеска беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области. Браната на хидроцентралата Каховка во областа Керсон е делумно уништена како резултат на експлозија, соопшти оперативната команда на вооружените сили на Украина „Југ“. „Руските окупаторски […]

Почна одбројувањето на деновите пред одлуката „за“ или „против“ уставни измени


Предлог-иницијативата за устави измени е во Владата и ќе биде разгледана на некоја од наредните седници. Очекувањата се дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Клубот на […]

Во Собранието продолженија на две пленарни седници и една комисиска расправа


Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-тата и на 91-вата пленарна седница. Единствена неразгледана точка на дневниот ред на 66-тата седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка. На 91-вата седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските […]

Лајчак и Ескобар побараа од Курти конретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово


Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, побараа од косовскиот премиер Албин Курти да преземе конкретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово, каде што повеќе од десет дена продолжуваат […]

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. Во Скопје […]

Мицкоски ќе ги обединува Македонците против ДУИ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на партиска трибина во Велес зборуваше пошироко за идејата за формирање пакт за национално и државно единство во кое ќе нема место за ДУИ, која 20 години е на власт во земјава.Според неговата изјава, тој е подготвен во тој пакт да биде со сите некриминални структури од останатите партии […]

Меџити нашол злоупотреби во работата на Јовев


Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во вечерашното гостување на ТВ 24 го коментираше  разрешувањето на раководителот на Кардохирургија, професор др. Сашко Јовев. -Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре […]

МВР демантира дека спасувало син на функционер од наркоинцидент


Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите објавени во порталот Нетпрес за наводно, како што пишува порталот, вадење на син на висок функционер на МВР од наркоинцидент во кој настрадал полицаец. Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало вадење ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран син на висок функционер во […]

Галтие предвреме ја напушта клупата на ПСЖ


Кристоф Галтие нема да ја одработи втората година од тренерскиот договор со ПСЖ, јавија денеска француските медиуми. Француските новинари му поставија прашање на Галтие поврзано со продолжување на неговиот тренерски ангажман во ПСЖ по саботниот пораз од Клермон (2-3) во последното 38. коло во француското првенство, а тој најави состанок со клупското раководство. „Тогаш ќе […]

ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба


Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Навивачите ќе можат да купат […]

Се чини дека печурките „разговараат“ по дожд и тоа на необичен начин


Шумата честопати замолчува за време на дождот, за да почне да ечи со различни звуци откако ќе помине бурата. Птиците пеат, инсектите почнуваат да црцорат, а жабите кркаат. Но, луѓето не можат да слушнат некои разговори, ниту пак секогаш се работи само за комуникација меѓу животни. Имено, во едно ново истражување, јапонските научници пронашле интригантни […]

Пендаровски додели „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери


Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Тој ги охрабри младите инженери да се вклучат во глобалниот натпревар на идеи и решенија што можат да придонесат за поодржлив раст и развој за Северна Македонија, за регионот и за Европа. Во […]

Лекарската комора постои 31 година: Благодарници за докторите кои придонесоа за развој на трансплантација и органодарителство


Лекарската комора одбележа 31 година од постоењето на свеченост организирана во црквата „Света Софија“ во Охрид на која присуствуваа членовите на органите и телата на Kомората и високи претставници на државни институции. Пригодни обраќања имаа претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, заменик претседателот на Комората, доц. д-р Беким Исмаили и заменик министерката за […]

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ и оти има „успех“ кај Бахмут


 Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено намалувајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила. – Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана […]

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД


Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година, според денешен поднесок до Федералната изборна комисија (ФЕЦ). Пенс (63) ќе ја почне кампањата во Ајова в среда. Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот […]