ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба


Фото: Б. Грданоски

Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

Навивачите ќе можат да купат влезници на билетарницата на Арената како и преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство.

Едно лице може да купи најмногу четири влезници, а билети ќе бидат задолжителни и за деца независно од нивната возраст.