Ѓоковиќ ќе настапи на мастерсот во Монте Карло


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата учесници на мастерс турнирот во Монте Карло што ќе се одржи од 9. до 16. април. Ѓоковиќ го пропушти мастерсот во Индијан Велс бидејќи не му беше дозволен влез во САД, а, најверојатно, од истите причини нема да настапи ниту на турнирот во Мајами кој започнува на 22 март. На […]

МНР: Не постоеја индикации за можен напад врз Османи при неговата посета на Молдавија


Не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот со Организацијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на неговата посета на Молдавија, коментираат денеска од МНР по појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, […]

Бугарија се обидела да ги смени заклучоците и за ССА, но наишла на европски ѕид


(Од нашиот известувач) БРИСЕЛ – Се обидуваме за една година да го завршиме тоа што Србија го заврши за две, изјави денес по средбите и скринингот во Брисел вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Според него, притисокот за решавање на спорот околу Косово и прашањето за Македонија сега е голем, бидејќи идната е изборна година во ЕУ […]

Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид


Премиерот на Република Косово, Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува косовската Радио-телевизија. Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ […]

Бугарски маки со финансиите: Дали ќе се тропне на вратата на ММФ


  Финансиите на Бугарија не се во добра состојба, буџетскиот дефицит стигна до големи размери. Затоа денеска службената влада објави дека ќе предложи пакет мерки за драстично намалување на буџетскиот дефицит за 2023 година од над 11 милијарди лева (5,5 милијарди евра) што е 6,9% од БДП, на околу 5 милијарди лева (3%) од БДП, […]

„Ако немаш здравје немаш ништо“: Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка


Никој не знаеше дека нашата најомилена водителка Лила Филиповска  која ја нарекуваат кралица на квизовите и препознатлива по гламурозниот изглед –  води битка со подмолната болест… никој, освен најблиските. Таа повеќе од една година молчеше дека ѝ е дијагностициран канцер на дојка, за што првпат проговори во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“. Па, како […]

Османи во Шведска доби цврста поддршка за европскиот пат на Македонија


  На министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска за време на посетата на Шведска, актуелен претседавач со ЕУ, му беше искажана целосна поддршка за македонскиот пат кон Унијата. На средбата со министерот за надворешни работи Тобијас Билстром беше реафирмирана поддршката на Шведска за нашата евроинтеграција, а беше нагласена неопходноста од донесувањето на уставните промени, […]

Од Никол Кидман до Хари Стајлс- ѕвездите оваа сезона носат само еден моден детал


Цветниот мотив, како очекуван предвесник на пролетта и новата модна сезона, годинава не доаѓа во класично или монотоно издание. Цветниот дезен беше трансформиран од принт во вистински букети, односно 3Д апликации кои на облеката и даваат динамика, текстура и нова живост. А овој тренд веќе го испробаа странски ѕвезди. Ружата целосно доминираше на црвениот килим […]

Отпадот е приоритет на министерката за животна средина, но е потребно време


  Отпадот е приоритет на новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, но и за овој и за сите останати еколошки проблеми во државава е потребно време. За оваа година, Шукова најави распределување на 7.000 контејнери за рециклажа на отпадот во сите општини во Македонија, а парите за нив се обезбедени од […]

Македонија стигна до четвртиот кластер, денес почна скринингот за животна средина и транспорт


  (Од нашиот известувач) БРИСЕЛ – Вицепремиерот Бојан Маричиќ со членовите на работната група за транспорт учествуваа денес во Брисел на објаснувачкиот скрининг за оваа област (Поглавје 21), со што практично почна скринингот и за Кластерот 4, озаглавен како „Зелената агенда и одржлива поврзаност“ –  од шестте што до ноември годинава треба да ги заврши […]

Акциите на Волстрит пак почнаа да паѓаат поради стравот за банките


  Акциите почнаа пак да паѓаат на Волстрит во средата, бидејќи грижите се влошуваат за силата на банките од двете страни на Атлантикот. С&П 500 беше за 1,1% понизок во почетокот на тргувањето, додека пазарите во Европа паднаа поостро бидејќи акциите на швајцарскиот Credit Suisse паднаа на рекордно ниско ниво. Дау Џонс падна за 418 […]

Дејан Јанев нов в.д. директор на Центарот за култура во Струмица


Нов в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица од денеска е правникот Дејан Јанев, вработен во оваа установа. Тој доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка, актерката Танкица Стојанова, која една година ја извршуваше функцијата. Јанев е назначен за в.д. директор на „Антон Панов“ со одлука на министерката за култура, Бисера Костадиновска […]

Британскиот гитарист Брајан Меј прогласен за витез


Англија– Гитаристот Брајан Меј беше прогласен за витез од кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, вчера, во Бакингемската палата на кралското семејство во Лондон, Велика Британија. Отсега името на музичарот ќе биде официјално придружено со титулата „сер“. Со тоа, сер Брајан влезе во друштвото на Мик Џегер од „Ролинг стоунс“, Елтон Џон и други познати личности […]

Првата дама Ѓоргиевска во Абу Даби со активности за поддршка на жените, децата и човековите права 


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која го придружува претседателот Пендаровски во официјалната посета на Обединети Арапски Емирати, денеска во Абу Даби оствари средби со генералната директорка на Генералната унија на жени Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди и Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство.  […]

Тренчевска: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на градинките на територијата на целата држава


Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети градинката „Брешиа“ во Дебар која беше пречекана од страна на директорката, Ајрие Дачи. За време на посетата министерката проследи кратка претстава одиграна од страна на децата во градинката. Градинката моментално вкупно во сите нејзини објекти  има вклучено 399 деца во процесот на воспитание и […]

ЕУ загрижена околу заплашувањето на новинарите во Италија


  Неколку европратеници, како и потпретседателката на Комисијата, Вера Јоурова, се спротивставија на неодамнешниот третман на новинарите во Италија. Претходно овој месец, италијанската полиција беше испратена во редакцијата на големиот весник „Домани“ поради напис за член на владата, што новинарските организации го осудија како обид за заплашување на слободните медиуми. Џорџа Мелони, исто така, предизвика […]

Бугарско МФ: На државата и се заканува банкрот


Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека на државата и се заканува банкрот и дека постои ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот нагласи дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време. Министерството за […]

Руски борбен авион соборен кај Бахмут


  Руски борбен авион СУ-24 беше соборен од Вооружените сили на Украина во близина на Бахмут. Ова го соопшти шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак. На видеото кое го објави се гледа експлозијата, црн чад и отворениот падобран на пилотот кој успеал да се катапултира. Што се случило со него потоа не […]

Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети


Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов. Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа […]

Пругата Куманово – Бељаковце се реконструира со полна динамика


  Почната е изградбата на осум подвозници и шест надвозници во рамки на градежните активности за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце од европскиот Коридор 8, соопштија денеска од Железници на Македонија. Во периодов се довршуваат започнатите работи на пет надвозници, два подвозника, два пропусти и мостот на река Пчиња. „Интензивно се работи на довршување на станичните […]