„Вистинита но не многу веројатна…“ на Влада Урошевиќ е  „Роман на годината“ (фото)


Романот  „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје)   ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува  Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е во издание на  „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“  која го промовираше […]

Уставните амандмани ќе дојдат во Собрание пред летото, Маричиќ не е сигурен за исходот (Видео)


  БРИСЕЛ – Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, денес по скринингот во Брисел рече дека очекува амандманите за промена на Уставот да влезат во процедура во Собранието пред летото и дека идеално би било тоа да се случи пред јули. Според него, наредните недели Министерството за правда ќе го […]

Унгарија пак го одложи гласањето за членство на Шведска и Финска во НАТО


   Долго одложуваното гласање во унгарскиот парламент за ратификација на кандидатурите за прием во НАТО на Шведска и Финска, најверојатно ќе биде повторно одложено по предлог на висок владин претставник. Во писмото објавено во вторникот од страна на унгарската веб-страница hvg.hu, вицепремиерот Жолт Шемјен побара парламентарната седница закажана да започне на 20 март – за […]

Николовски: Нашата цел е да креираме 2.000 нови мали производители на храна


 Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна, коишто ќе ги искористат поволностите од 2019 година да може да се регистрираат и да продаваат традиционални локални производи, да продаваат од праг и од фарма и да добијат грантови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.   – Две илјади дваесет […]

Премиера во Драмски театар: „Емигранти“ е пресек на едно општество во распад


 „Емигранти“ е нова претстава на Драмскиот тетар во режија на Зоја Бузалковска по текст на Славомир Мрожек, чија премиера е закажана за 18 март.  Бузалковска во текст по повод претставата наведува дека станува збор за брилијантнен трагикомичен текст на секогаш актуелниот Мрожек, точен и болен до коска – се лепи како магнет за секоја пукнатина […]

Повеќе од 100 професионалци од медиумите од Западен Балкан се собраа во Тирана


  Регионалната конференција „Независното новинарство е важно“, во организација на проектот „Media for All“, се одржа на 9 и 10 март во Тирана. Во текот на овие два дена, повеќе од 100 новинари, уредници, меѓународни и регионални експерти и претставници учествуваа во дискусии и панел-дискусии. Воведните говори ги одржаа Миа Марзук, заменичка-шефица на Мисијата на […]

Српски работи: Крстосувачот „Аврора“


Триесет и три години ја кажувам таа работа и како да му зборувам на  Берлинскиот ѕид: власта не е проблемот во Србија. Власта е таква каква што е, Србите и онака не ја бираа. Не е политика Задруга, кандидатите за власт да се исповедаат на Дрвото на мудроста во Рајската градина, па тој што ќе […]

Се прават анализи за евентуално проширување на одлуката за замрзнување на цените, бели Бектеши


Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави за МИА министерот за економија Крешник Бектеши, во пресрет на утрешното стапување во сила на замрзантите цени на дел од тестинините и млечените производи.  Министерството за економија прави дополнителни анализи на податоците за евентуално проширување на одлуката […]

Се чека последниот ден да се намалат цените, ако не се почитува владината одлука следат мерки, вели Битиќи


Очигледно така сме навикнати во нашето општество, секогаш е последниот ден, дури и кога е за добра работа. Мислам дека го чекаат последниот ден, но утре наутро ќе ги видиме цените, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи дали е послушана одлуката на Владата за намалување на цената на млекото и млечните производи во […]

Има доволно средства за дополнителна поддршка на земјоделците и сточарите, вели Николовски


Ќе ги следиме цените на влезните елементи во земјоделското производство и имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други сурови, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Зависно од потребите и барањата на подсекторските групи, според министерот, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, […]

Светски ден на театарот: Теута Ајдини – авторка на националната порака, а египетската актерка Самиха Ајуб – на светската порака


Театарската и филмска актерка Теута Ајдини е авторка на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март 2023,  а доајенот на египетскиот театар,  актерката Самиха Ајуб е авторка на светската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март 2023.     Порака на Теута Ајдини- Јегени   „ Кога ја добив […]

Месечен љубовен хороскоп за април 2023 година


Љубовниот хороскоп за април предвидува:   Овен Овој месец нема да биде лесен за Овенот. Можеби сакате поголема независност. Но запомнете дека клучот за здрава врска е комуникацијата и отвореноста. Доколку дојде до недоразбирање, веднаш разговарајте за се со партнерот. Осамениот Овен ќе има можност да запознае личност која ќе ги заинтересира. Исто така, овој […]

Пендаровски во Абу Даби се сретна со лидерот на Емиратите


  Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Абу Даби, оствари средба со Шеик Мохамед бин Заед ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби. На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките […]

Рација во Берлин, 400 полицајци и специјалци извршиле претрес на станови на шверцери на луѓе


Полицијата во Берлин и сојузната покраина Саксонија-Анхалт западно од главниот град започнаа голема рација против група осомничени шверцери на луѓе. Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени утринава, изјави портпаролот на федералната полиција. Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале во провинцијата Саксонија-Анхалт. Бандата […]

Штрајк на наставниците, возачите на метрото и лекарите во Велика Британија


Илјадници возачи на лондонското метро, ​​наставници, лекари и државни службеници денеска штрајкуваат во Велика Британија, барајќи повисоки плати. Штрајкот е организиран на денот кога конзервативната влада го објавува годишниот буџет. Во Лондон утрово подземната железница речиси воопшто не сообраќаше поради штрајкот на возачите и другите вработени. Штрајкуваат и просветарите, кои најавија дека протестот ќе продолжи […]

Непречено се одвиваат градежните активности за реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце


Почната е изградбата на осум подвозници и шест надвозници во рамки на градежните активности за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце од европскиот коридор 8, соопштија денеска од Јавно претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на Република Северна Македонија. Во периодов се довршуваат започнатите работи на пет надвозници, два подвозника, два пропусти и мостот на река Пчиња. – […]

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк


Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март.  Исто така извршена […]

Претседателот на Финска утре во посета на Турција заради разговори за членството во НАТО


Финскиот претседател Саули Ниинисто утре и задутре ќе престојува во Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган за да разговара за членството во НАТО и други прашања, соопшти денеска кабинетот на финскиот претседател. Претходно денеска, спорад двајца претеставници на турските власти, официјална Анкара планира да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО […]

Милевски: Поквалитетни сме од Малта, треба тоа да го покажеме на терен


 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ја прифаќа фаворитската улога за претстојниот натпревар со Малта во квалификациите за ЕП. Тој смета дека квалитетот треба да се покаже на терен.  – Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Очекувањата се да победиме и ќе дадеме се од себе успешно да ги почнеме овие квалификации. […]

Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“


Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот […]