Милевски: Поквалитетни сме од Малта, треба тоа да го покажеме на терен


Фото: Б. Грданоски

 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ја прифаќа фаворитската улога за претстојниот натпревар со Малта во квалификациите за ЕП.

Тој смета дека квалитетот треба да се покаже на терен.

 – Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Очекувањата се да победиме и ќе дадеме се од себе успешно да ги почнеме овие квалификации. Сепак треба да се нагласи дека неколкумина наши играчи немаат голема минутажа во своите тимови. Составот е тој, изборот е тој. Не можеме да сметаме на повредените Костадинов, Серафимов и Дориев, додека Спировски и Николов ги нема поради слаба формаЗдравковски заслужи повик да видиме дали ќе може да ни помогне во овој момент.

Во никој случај Малта не смее да се потцени. Го победија Израел, одиграа нерешено со Грција. Имаат одлична репрезентација. Групата е тешка, Италија, Англија, Украина се многу силни. Ние имаме потенцијал да се носиме со нив, рече Милевски.

Средбата со Малта е закажана за 23 март во Скопје, а четири дена подоцна е тестот со Фарски Острови.