Руски борбен авион соборен кај Бахмут


 

Руски борбен авион СУ-24 беше соборен од Вооружените сили на Украина во близина на Бахмут. Ова го соопшти шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.

На видеото кое го објави се гледа експлозијата, црн чад и отворениот падобран на пилотот кој успеал да се катапултира. Што се случило со него потоа не е познато со сигурност.

Прес-службеникот на бригадата, Ирина Рибакова, им потврди на новинарите на „Хромадске“ дека авионот навистина бил соборен.

Соборениот авион бил пријавен и од телеграмскиот канал „Греј зона“ близок на платеничката група „Вагнер“.

„Вчера наутро, над источните региони на Бахмут, непријателските сили за воздушна одбрана го соборија нашиот Су-24М, кој се претпоставува дека припаѓа на групата ‘Вагнер’“, пишува каналот. Според него, екипажот на леталото се состои од двајца пилоти.

„Сè е во ред со пилотот. Дома“, пишува телеграмскиот канал Fighterbomber. Тој исто така забележува дека соборениот авион не бил СУ-24. Подоцна „Греј зона“ појасни дека бил соборен СУ-25.

Украинската воздушна одбрана веќе собори авиони ловци кои припаѓаат на „Вагнер“. Евгениј Пригожин, основачот на платеничката организација, зборуваше за еден таков случај.

Според него, на 14 февруари украинската противвоздушна одбрана го нападнала СУ-24. „Пилотот направи чудо, го приземји запалениот авионоткако целосно ја заврши борбената мисија. Во моментов техничарите го поправаат леталото. Пилотот е убав. Чест и пофалба за него“, ја цитираше прес-службата изјавата на Пригожин.

Претходно со истиот авион леташе и самиот Пригожин. Тој сними видео од него, во кое го покани украинскиот претседател Володимир Зелински да организира борба со авиони за Бахмут.