Британскиот гитарист Брајан Меј прогласен за витез


Англија– Гитаристот Брајан Меј беше прогласен за витез од кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, вчера, во Бакингемската палата на кралското семејство во Лондон, Велика Британија. Отсега името на музичарот ќе биде официјално придружено со титулата „сер“.

Brian May receives knighthood from King Charles

Со тоа, сер Брајан влезе во друштвото на Мик Џегер од „Ролинг стоунс“, Елтон Џон и други познати личности од британската и светската сцена.

Меј беше прогласен за витез за заслуги во областа на музиката и филантропијата.

Sir Brian May and Anita Dobson - After Knighthood investiture

Брајан Меј со десетлетија е член на една од најпопуларните рок-групи на сите времиња, а е познат и по својата борба за заштита на правата на животните. На инаугурацијата тој беше придружен од својата сопруга, глумицата Анита Добсон.