Роналдо нов рекордер според репрезентативни настапи


Кристијано Роналдо стана играч со најмногу репрезентативни настапи во историјата на фудбалот, откако синоќа го облече дресот на Португалија по 197 пат. Роналдо се најде во почетниот состав на дуелот против Лихтенштајн на отворањето на квалификациите за ЕУРО2024. До овој натпревар Роналдо беше на делба на првото место на вечната листа со Бадер Ач – Мутава, кој […]

Формирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници


Унапредување на деловното окружување за развој на сметководствено-финансиската и професијата на даночните советници, преку промоција, подигнување на професионалните стандарди и соодветно адресирање на предизвиците, е фокусот на активностите на новата Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. За претседател на новата Комора е избран […]

ТИ-Македонија за случајот „Маѓар Телеком“: Задоцнета и селективна правда


Транспаренси Интернешнл – Македонија преку соопштение до медиумите реагира на судската разврска околу случајот „Маѓар Телеком“. Реакцијата ја пренесуваме во целост:  Едноставна споредба на содржината на информацијата на ТИ – Македонија од 2012 година и предметот кој се води во правосудниот систем на Република Северна Македонија укажува на селективност во постапката, со намера да се […]

За викендот локална нестабилност, од понеделник постудено со пороен дожд и ветер


 Во сабота попладне ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина, соопшти УХМР. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и […]

Од Нега центарот во Кисела Вода, услуга ќе добиваат околу 40 корисници


Почна со работа Нега центарот во Општина Кисела Вода. Услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници кои се стари лица и лица со намален функционален капацитет и попреченост, а ќе добиваат нега и грижа во нивниот дом од 20 лиценцирани негуватели.  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска, на отворањето на Центарот, […]

Дипломска претстава „Семејство“ на студентите на ФДУ во Драмски театар Скопје


Театарот ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на Факултерот за драмски уметности. Утре на 25 март во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд. „Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на проф. Зоја Бузалковска […]

Се формира локална Младинска банка во Кочани


Со објавување на јавниот повик за пријавување членови во Одборот на банката, Општина Кочани ја почна постапката за основање локална Младинска банка. Во соработка со граѓанската организација „Младите можат“, а со поддршка од германската фондација Шулер Хелфен Лебен, младите од Кочани можат да се вклучат во реализацијата на проектот Младинска банка, преку кој во иднина […]

(Видео) Шверцувале гориво од Хрватска во Италија. Во подот на фирмата биле скриени милиони евра


Европското јавно обвинителство во Болоња и италијанската финансиска полиција на Парма (Guardia di Finanza) вчера извршија наредба за замрзнување имот во износ до 149 милиони евра, соопшти европското обвинителство. Се работи за истрага на криминална група која шверцувала гориво од Хрватска и Словенија во Италија. „Наредбата за замрзнување ја издаде истражниот судија на Парма, на […]

(Фото) Вработени во Министерството за култура протестираат пред Министерството за финансии


  Вработени во Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, излегоа денес на протест пред зградата на Министерството за финанси од каде што побараа зголемување на платите. Тие велат дека нивните месечни примања се недостоинствени.   Како што посочуваат од синдикалната организација, во Министерството за култура и Управата за […]

24 март во историјата – НАТО го почна бомбардирањето на СР Југославија


  На 24 март 1999 година, Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) започна со воздушни напади против СР Југославија со бомбардирање на српските воени позиции во покраината Косово. Офанзивата на НАТО дојде како одговор на новиот бран на етничко чистење што го започнаа српските сили против косовските Албанци на 20 март. Косовскиот регион лежеше во срцето […]

Англија ја слави револуционерната мода на Коко Шанел – изложба во музејот „Викторија и Алберт“


Англија- По неверојатниот успех на изложбата „Кристијан Диор: Дизајнер на соништата“, Музејот на Викторија и Алберт повторно се занимава со модата, а големата изложба на Шанел е поставена за 16 септември 2023 година. „Габриел Шанел. Моден манифест“ ќе биде првата изложба во Велика Британија посветена на работата на Габриела „Коко“ Шанел. Како  ја нацрта еволуцијата […]

Со парите од ТАВ програмата асфалтиран пат во Чучер Сандево


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде e завршен инфраструктурен проект од ТАВ програмата, информираат од неговиот кабинет. -Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање на улица со должина од 2 километри,  улица ги поврзува селата Мирковци и Бањани, односно поврзува […]

ГРЕТА: Законската рамка за борба против трговијата со луѓе е подобрена, но потребна е подобра имплементација


Групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) во својот извештај за евалуација објавен денеска го поздравува напредокот на Северна Македонија во развојот на законодавната рамка за борба против трговијата со луѓе, но повикува на нејзина подобра имплементација во однос на пристапот на жртвите до правда и ефективни правни лекови. Врз основа на посетата […]

Пречистете ги рачињата од медот


Речиси и да нема потреба да се зборува колку му е потребна на Скопје пречистителна станица за отпадни води, и тоа не само за исполнување на европските обврски во екологијата или да се тргне петното од Скопје, за кој се вели дека е единствен главен град во Европа без пречистителна станица. Туку за во Вардар […]

Меланија молчи за аферата на Доналд Трамп


„Таа не сочувствува со маките на Доналд“, изјави извор за PEOPLE за односот на поранешната прва дама кон правните прашања на нејзиниот сопруг со кои се соочува. Додека Доналд Трамп чека евентуално обвинение за наводна исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година, за да молчи за аферата, има една личност која наводно воопшто […]

Американците ја снабдиле Европа со 50 отсто од течниот гас во 2022


  Американските трговци со ЛНГ испорачале повеќе од 50 отсто од целиот течен природен гас купен од земјите во Европа минатата година. Дополнителните количества продадени на земјите на континентот ги покриваа нивните итни потреби за снабдување со енергија по избувнувањето на војната во Украина и прекинот на снабдувањето со руски гас. Ова се наведува во […]

Доручек за слабеење подготвен за 15 минути


Рецепт од овес за слабеење, здравје и витка линија – комбинацијата од банана, снегулки, какао и дополнителни состојки го прави супер вкусен. Доколку сакате да појадувате нешто здраво и хранливо, притоа да одржувате витка линија и да не поминувате премногу време во кујната – имаме решение за вас. Овесната каша е полна со растителни влакна […]

Ќе се обнувува плочникот кај Зелен пазар со ново зеленило


Ново зеленило и реконструкција на плочникот кај Зеленото пазарче најави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во утринското гостување на МРТВ. Тој во линковско вклучување од Зелениот пазар рече дека општината изработува проект за разубавување со нови зелени површини на места каде сеуште повремено стојат дивите препродавачи и заменување на искршените плочки на дотраениот плочник.  […]

(Видео) Изјава на Ковачевски по посетата на Клиниката за гастроентерохепатологија


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер  го посетија реновираниот дел на Универзитетската Клиниката за гастроентерохепатологија, каде директор е проф. д-р Калина Гривчева-Старделова. Проследете ги изјавите во живо:

Бијонсе и Адидас го прекинаа партнерството


САД- Бијонсе и Адидас меѓусебно се договорија да го прекинат нивното партнерство за IVY PARK, кое првично започна во 2018 година. Како што објави „Холивуд репортер“, меѓу двете страни имало „големи креативни разлики“, што довело до прекин на договорот. Според весникот, добитничката на Греми со нетрпение очекува да ја врати креативната слобода на нејзината етикета. […]