Дипломска претстава „Семејство“ на студентите на ФДУ во Драмски театар Скопје


Театарот ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на Факултерот за драмски уметности. Утре на 25 март во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд.

„Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески.

Претставата со мотото „Семејствата се добри затвори“ на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри.