Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена на крајот на 2024 година


Франција– Иако француската влада се обиде да го отвори саканото место за богослужба во Париз, катедралата Нотр Дам за посета на јавноста пред Летните олимписки игри 2024 година во Париз, тоа нема да се случи. Како што беше официјално соопштено на почетокот на месецов, а како што пренесува „Артњуз“, обемното реновирање на зградата по разорниот […]

И Ерменија се приклучи на земјите кои би го уапсиле Путин


  Уште една постсоветска земја, дел од воениот блок на Кремљ, им се придружи на државите од кои ќе се бара да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин по налог издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС). Во петокот, на 24 март, Уставниот суд на Ерменија ја одобри ратификацијата од страна на парламентот на Римскиот статут, […]

За Ковачевски е нецелисходно да се разговара за понатамошно намалување на даноците и придонесите


Даночното оптоварување кај нас и оптоварувањето на придонесите е најниско од сите држави од регионот и мислам дека не би било целисходно да се разговара за понатамошно намалување, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Ние со бизнис заедницата разговараме секојдневно. Јас имав состанок со претседателот на Стопанска комора завчера, исто така и со претставници на […]

Борис Вујчиќ: Случувања со Банката на Силиконската долина и со Кредит Свис немаат последици врз банките во регионот


Гувернерот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ во интервју за МИА оценува дека актуелните случувања со Банката на Силиконската долина и со Кредит Свис нема да се одразат врз банкарскиот сектор во регионот, каде генерално има традиционален модел на банкарство. Во видео интервјуто снимено за време на неговиот престој во Скопје, каде се одржува […]

Хил за бомбардирањето на Србија: Дипломатијата знае и да потфрли


Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод годишнината од бомбардирањето на НАТО, рече дека знае оти српскиот народ никогаш нема да ја стави настрана својата тага, но верува дека има доволно сила да ја потисне горчината. „Го посветив својот живот на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливи проблеми. За време на мојата […]

Промовирана книгата на Нано Ружин „Балкански иконографии“ на француски јазик


  Мишел Фуше, големиот француски геополитичар, советник на некогашниот министер за надворешни работи на Франција Ибер Ведрин,  учесник во разговорите Рамбује (1999) советник на францускиот претседател Емануел Макрон, идеен творец на  Меѓународната политичка заедница на ЕУ, ја промовираше најновата книга на Нано Ружин „Балкански иконографии“ на француски јазик. Фуше присуствуваше на научниот симпозиум „Геополитика и […]

Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Провајн“


Дванаесет македонски винарници ги претставија своите вина на „Prowein“ – најголемиот вински настан во светот, кој се одржа од 19 до 21 март 2023 во Дизелдорф. „Prowein“ е еден од најпрестижните саеми во светот кадешто компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со меѓународни соработници и увозници. На овој саем се претставуваат извозно ориентирани винарници, чие […]

Во двор во Канатларци нашол 50 рачни бомби од Првата светска војна


Во четвртокот, во 13.40 во СВР Битола, Б.И.(30) од село Канатларци, прилепско, пријавил дека при изведување на градежни работи во неговиот двор во Канатларци пронашол 50 рачни бомби од италијанско производство кои потекнувале од Првата светска војна. Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбите биле подигнати бомбите.

Со американска донација од 400 илјади евра реновирана пола Клиника за гастро (видео)


Заврши реновирањето на дел од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, со што ќе се овозможи најтешко болните од цела држава кои имаат потреба од третман на оваа Клиника да престојуваат во достоинствени услови и да добиваат современи медицински услуги во новоопремените кабинети за дијагностички и интервентни процедури. Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, заедно со амбасадорката на […]

Најавена првата летачка такси-услуга во Чикаго


„Арчер авиејшн“ и „Јунајтед ерлајнс“ склучија партнерство за новата заедничка комерцијална воздушна такси-услуга во Чикаго, САД. Компаниите планираат до 2025 година центарот на градот воздушно да се поврзе со Меѓународниот аеродром „О’Хејр“. – Возбудливата нова технологија дополнително ќе го декарбонизира нашиот превоз, па така ќе направиме нов чекор кон летовите и борбата против климатските промени. […]

Протестите ја одложија посетата на британскиот крал Чарлс на Франција


Франција– Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата. Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх. Предвидено беше посетата да трае три дена. Со оглед на вчерашната најава за национални […]

Директорот на болницата во Битола на рапорт пред министерот за здравство по смртта на 6-годишното девојче


Ковачевски: Јавноста ќе биде информирана откако ќе ги имаме сите детали за смртта на шестгодишното девојче во болницата во Битола – Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Врз основа на факти, […]

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Стразбур


Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, коишто Бугарија ги нема спроведено до денес во однос на почитувањето на правата на здружување на Македонците. – Ние секогаш сме реагирале во однос на сите граѓани коишто во која било друга држава се самоопределуваат […]

Естонија протерала руски дипломат


Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата“.  Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на […]

Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија, акредитирани во земјава. Министерот направи пресек на последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ агенда и одржувањето на Советот за стабилизација-асоцијација по првпат во Северна Македонија, средбата во рамки на Косово-Србија дијалогот во Охрид, како […]

Во Србија зголемена цената на патарините


  Српската Влада на вчерашната седница одобри поскапување на патарините за 14 отсто, додека оние кои патарините ќе ги платат по електронски пат ќе добијат шест проценти попуст на таа сума, односно за нив поскапувањето ќе биде осум отсто, јави дописникот на МИА од Белград. За патничките автомобили на релација Прешево-Белград, наместо 1.490 динари, доколку се плаќа […]

Во Македонија дошле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси


  Дури 6 милијарди долари од  руски извори се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, тврди Центарот за проучување на демократијата од Софија, во својата најнова анализа за ширењето на дезинформациите и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа од страна на Москва. Според анализата Македонија последните години е […]

Макрон се соочи со силината на францускиот гнев


  Емануел Макрон ја почувствува целата сила на францускиот гнев во четвртокот додека демонстрантите се собраа низ целата земја за да го покажат своето противење на зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите тврдеа дека 3,5 милиони луѓе излегле низ целата земја, додека властите сугерираа дека бројката е многу помала, […]

Скриените симптоми на замастениот црн дроб можете и сами да ги препознаете


Замастен црн дроб често нема симптоми, но лекарите откриле скриен знак кој ве предупредува да се проверите. Замастен црн дроб е состојба која се карактеризира со таложење на вишок маснотии во црниот дроб. Потоа доаѓа до прекумерна акумулација на триглицериди во форма на капки маснотии во клетките на црниот дроб. Зголемените маснотии во црниот дроб […]

Магична ноќ на Аргентинците, Меси го постигна 800. гол во кариерата (видео)


Актуелниот светски фудбалски првак Аргентина во пријателски натпревар синоќа во Буенос Аирес ја совлада Панама со 2-0, а дуелот го одбележа капитенот Лионел Меси, кој го постигна 800. гол во кариерата. Аргентинците во славеничко расположение дури во финишот го скршија отпорот на Панама со головите на 21-годишниот Тиаго Алмада во 78 минута и Лео Меси […]