Почетокот на повторенoтo судење за „Таргет-Тврдина“ одложен за утре


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска не започна повторената постапка за предметот „Таргет-Тврдина“ бидејќи не беше присутен еден од обвинетите. Како што информираше претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, на обвинетиот Тони Јакимовски му била пуштена покана, но, наредба, како што рече „нема стигнато“. – Судењето ќе започне утре со воведни говори и испитување […]

Пад на превезената стока со железницата


Во четвртото тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939.000, во градско-приградскио 11.825.000, во железничкиот 131.000, а во воздухопловниот превоз 559.095, објави денеска Државниот зваод за статистика. Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3.460.000 патници, во градско приградскиот, 41.634.000, во железничкиот 406.000, а во воздухопловниот 2.365.847. Во четвртото […]

Новитет од „Старбакс“- кафе со маслинов зејтин


Италија- Иако во нивната земја постои извонредна традиција на пиење кафе, Италијанците сега ќе имаат можност да пробаат малку поинакво кафе. Имено, по различните вкусови кои им се нудат на љубителите на кафето, „Старбакс“ претставува пијалок со екстра девствено маслиново масло. Палетата на пијалоци под името што се поврзува со маслото – Олеато, содржи екстра […]

„Фајзер“ купува компанија која развива терапија за лекување рак


Фармацевтската компанија „Фајзер“ е во процес на преговори за купување на биотехнолошката компанија „Сајџин“ (Sygene), која работи на развој и комерцијализација на целни терапии за лекување на рак и чија пазарна вредност е околу 30 милијарди долари. „Фајзер“ е во рана фаза на преземање на производителот на лекови „Сајџин“, објави Вол Стрит Журнал во неделата […]

„Жизел“ пак на репертоарот на НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март во 20 часот. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата […]

Романот од едицијата „Порта Европа“  – „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак ќе биде промовиран онлајн


Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен со онлајн-промоција на 28 февруари (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Цибуљак, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе од романски јазик. Книгата „Градина од стакло“, која е добитник […]

Евакуиран судот во Охрид поради дојава за бомба


 Поради дојава за поставена бомба утрово од 8 часот се евакуирани вработените од Основниот суд во Охрид. На местото се екипи на полицијата, на Службата за итна медицинска помош како и на Територијалната противпожарна единица. Објектот е изолиран, а полицијата не дозволува двиќење возила и пешаци на едниот крак од Булеварот „Македонски просветители“. Не се […]

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 23,9 милиони евра, рекорден извоз од над 157 милиони евра и со 187 нови вработувања во земјава


Македонската фармацевтска компанија „Алкалоид“ АД Скопје ги објави деловните резултати за минатата година, во која реализираше вкупни инвестиции од 23,9 милиони евра, оствари рекорден извоз од над 157 милиони евра и имаше 187 нови вработувања во земјава. Резултатите се дотолку позначајни бидејќи се остварени во услови на голем број предизвици и новонастанати ризици, генерирани од […]

МОН доделува парични награди за освоени награди на меѓународни и државни натпревари


Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки и повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар во основно образование. Повикот за доделување парична […]

Британско разузнавање: Во Мариупол се случија 14 необјаснети експлозии


Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија најверојатно ќе биде загрижена поради случувањето на 14 необјаснети експлозии околу окупираниот град Мариупол. Од минатиот вторник биле пријавени најмалку 14 експлозии. Се наведува дека местата на инцидентите вклучуваат две складишта за гориво што Русија ги користи како воена база. Latest Defence Intelligence update on the […]

Нов силен земјотрес ја погоди Турција


  Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер ја погоди во понеделник Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар(EMSC). Според сеизмолозите, земјотресот се случил на 11 км јужно од Малатија, град во турскиот регион источна Анадолија. 👉#İmamoğlu (Yerel saat 12:05:37). Depremi hissettiniz mi? Deneyiminizi paylaşın:🌐https://t.co/AXvOM7I4Th Gözlemleriniz, depremin etkisini anlamak için önemlidir.🙏 — EMSC (@LastQuake) February 27, […]

Нови дојави за бомби во Скопје, Прилеп и Охрид, наставата треба да продолжи онлајн


Нови дојави за бомби утрово има во Скопје, Прилеп и Охрид. Според информациите, закани за поставени електронски направи пристигнале на електронските адреси на 19 средни и осум основни училишта, едно училиште во Прилеп, како и Основниот суд во Охрид. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и […]

(Фото) Награди SAG : Најдоброто од црвениот ќилим


САД- Доцна синоќа во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.За најдобар актерски ансамбл беше прогласена екипата на филмот “Everything Everywhere All at Once”. За најдобра главна актерка беше прогласена Мишел Јео,  за бнајдобар главен актер- Брендан Фрејзер, а за […]

По дојава за бомба се евакуираат основни училишта во Аеродром


Утрово повторно, дојави за поставени експлозивни направи има во основните училишта во Аеродром. Во моментот се евакуираат ООУ „Лазо Ангеловски“ и „ООУ „Александар Македонски“.  Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.

Кој одби, а кој прифати да пее на крунисувањето на кралот Чарлс Трети?


Англија- Хитовите пристигнуваат за концертот за крунисувањето на кралот Чарлс на 7 мај, додека ѕвездите постојано ја одбиваат понудата да настапат на настанот во замокот Виндзор. Минатата недела, Мари Клер објави дека Адел и Ед Ширан рекле не на оваа можност, а Дејли Мејл сега известува дека Елтон Џон, Хари Стајлс и Спајс Грлс го […]

Продолжува судењето на Мијалков за масовното прислушување


По скоро два месеци од укинувањето на пресудата, денеска започнува новото судење за масовното прислушување односно предметот „Таргет-Тврдина“. Со полициско комбе и придружба, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, треба да биде спроведен од затворот во Струга до Кривичниот суд. Предметот ќе го суди судијата Илија Трпков, бидејќи Владимир Туфегџиќ кој во претходната постапка ја донесе […]

Сараево утрово под снег, проблеми за возачите


  Обилен снег падна во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, пренесе Кликс.ба. Снежната прекривка која се формира во текот на ноќта, утрово претставуваше проблем за возачите, кои мораа да го турнат целиот снег од своите возила за да излезат од паркинзите. Дополнително, луѓето отежнато се движат по патеките и тротоарите. Додека главните сообраќајници […]

Најмногу дожд во Дебар, Охрид и Маврово


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар 18 литри на квадрат, во Охрид и Маврово по 14, а во Скопје четири литри. Најстудено, пак, со -2 степена утрово беше на Попова Шапка каде што има и снежна покривка од 13 сантиметри. Во другите места низ државава температурите се над нулата, соопшти УХМР.  Во текот […]

Шпански медиуми: Меси ќе ја освои наградата за најдобар фудбалер во 2022


Аргентинскиот капитен и член на ПСЖ, Лионел Меси, ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Во конкуренција за наградата „FIFA Best“, која ќе биде врачена на свечена церемонија вечер од 21 часот во Париз, се и двајца Французи, соиграчот на Меси, […]