Сараево утрово под снег, проблеми за возачите


 

Обилен снег падна во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, пренесе Кликс.ба.

Снежната прекривка која се формира во текот на ноќта, утрово претставуваше проблем за возачите, кои мораа да го турнат целиот снег од своите возила за да излезат од паркинзите. Дополнително, луѓето отежнато се движат по патеките и тротоарите.

Додека главните сообраќајници и булеварите беа расчистени од снегот, за автомобилите проблем претставуваат помалите улици кои не се доволно исчистени.

Поради снегот кој е воден и тежот, искршени се повеќе гранки во парковите.

Снегот треба да продолжи да паѓа и во текот на неделата.