Евакуиран судот во Охрид поради дојава за бомба


 Поради дојава за поставена бомба утрово од 8 часот се евакуирани вработените од Основниот суд во Охрид.

На местото се екипи на полицијата, на Службата за итна медицинска помош како и на Територијалната противпожарна единица.

Објектот е изолиран, а полицијата не дозволува двиќење возила и пешаци на едниот крак од Булеварот „Македонски просветители“.

Не се познати други детали за инцидентот, ниту за начинот на кој е направена дојавата.