Топлата зима во Европа ги пресуши реките, езерата и каналите


  Зимскиот топлотен бран, рекордно ниските врнежи од дожд и запрепастувачкиот недостаток на снег во Европа ги доведоа реките, каналите и езерата низ континентот на алармантно ниски нивоа, а експертите предупредуваат дека може да се повторат големите суши од минатата година. Сликите на исушените речни корита и езера обично се поврзуваат со жешкото лето – […]

Путин е уверен дека ќе победи во војната исцрпувајќи ја Украина, вели директорот на ЦИА


 Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со тешкотиите на неговата армија во Украина, знае дека засега не може да ја добие војната, но е уверен дека ќе ја извојува конечната победа. „Путин, според мене, денес мисли дека не може да победи веднаш, но не […]

Прилеп повторно домаќин на уште два Телеком Мастерс бодовни турнири


Во организација на ППФМ  и техничка организација на ППК Младост96, во ООУ “Кире Гаврилоски -Јане” во Прилеп на 25ти февруари се одржа Телеком Мастерс У15. Во одлична фер плеј атмосфера, најдобрите ги освоија следните места: Кадети У15 1.Александар Јакимовски ППК Крива Паланка 2.Андреј Стојановски           ППК Крива Паланка 3.Кристијн Каламадевски.  ППК […]

„Војдан Чернодрински“ во Чаир преименуван во „Oџа Атаулах Куртиши“


Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир се преименува во „Имам Атаулах Куртиши“, а општината како иницијатор и организатор на преименувањето по кусата церемонија на отворен простор, одржа и свечена академија на која се говореше за лиикот на имамот. На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа […]

Денеска започнува шестнеделниот Велигденски пост


За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 16 април. Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за празникот. Воскресенски пост – заради […]

Критики за турската Црвена полумесечина бидејќи продавале шатори на настраданите во земјотресот


Турската опозиција и медиумите вчера остро ја нападнаа и критикуваа хуманитарната организација Црвена полумесечина дека продавала, место да дели, шатори на настраданите од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари, што ја опустоши југоисточна Турција. Според дневниот весник „Џумхуриет“, што ја откри ваквата пракса, турската Црвена полумесечина продала 2.050 шатори на невладиното хуманитарно здружение „Ахбап“ за 46 […]

27 февруари во историјата – Италијанската влада побара предлози како да се исправи Кривата кула во Пиза


  На 27 февруари 1964 година, италијанската влада објави дека прифаќа предлози како да се спаси познатата крива кула во Пиза од колапс. Врвот на 180-метарската кула беше накривена пет метри јужно од основата, а студиите покажаа дека навалувањето се зголемуваше секоја година. Експертите предупредија дека средновековната зграда – една од главните туристички атракции во […]

Ѓоковиќ рекордер по најмногу недели како светски рекет број еден во историјата на тенисот


Србинот Новак Ѓоковиќ денес ја започна 378-та недела на врвот на АТП ранг-листата. Тенисерот по број на недели ја престигна Германката Штефи Граф (377 недели) како прв светски рекет во историјата на тенисот. Во Топ 5 најдобри тенисери во историјата на тенисот се и Мартина Навратилова (332 недели), Серена Вилијамс (319 недели) и Роџер Федерер […]

По убиството на двајца Израелци, убиен е Палестинец, запалени куќи на Западниот Брег


Вооружен Палестинец вчера уби двајца Израелци на окупираниот Западен Брег, што поттикна напади од израелски доселеници врз палестински куќи и автомобили во кои е убиен еден Палестинец, соопштија вчера официјални претставници. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во време кога израелските и палестинските претставници за безбедност се состанаа во […]

На фудбалските стадиони во Турција почна да се скандира „Владо, оставка!“


Навивачите на истанбулските фудбалски клубови „Бешикташ“, синоќа, и на „Фенербахче, ден претходно, побараа од турската Влада да поднесе оставка, скандирајќи и фрлајќи стотици плишани играчки на теренот во спомен на децата жртви од земјотресот на 6 февруари. „Владо, оставка!“ се пееше додека Бешикташ одигра 0:0 со Анталијаспор. Протестот, што се одржа за време на натпреварот, […]

Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска до 1 март ќе престојува во Брисел, каде што ќе се обрати на двата билатерални скрининг состанока од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“ и Поглавје 28, „Заштита […]

Руски извидувачки авион оштетен во саботажа со дронови во Белорусија, Тихановска горда на герилците


Руски воен извидувачки авион А-50 е оштетен вчера во напад со дронови на аеродром во близина на белорускиот главен град Минск, потврдија членовите на белоруската опозиција во егзил, а лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска изјави дека е горда на нив. „Горда сум на сите Белоруси кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на […]

Јубилејна манифестација посветена на обичајот Мартинки – културно наследство на УНЕСКО


Јубилејната и десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ од денеска до 1 март ќе биде отворена за јавноста, на вториот кат во Капитол Мол во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинки, како нематеријално […]

Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата


Започнува третата работна недела на 104. собраниска седница за реконструкција на Владата. Пратениците денеска ќе ја продолжат расправата за Предлогот за избор на членови на Владата да бидат Кренар Лога, за министер за правда, Фатмир Меџити, за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, министер за животна […]

Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија


Во малата сала на Филхармонија вечер концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими  Концертот е во организација на „Баги Комуникации“. Мухамед Ибрахими е гитарист кој својата гитара ја третира на многу интуитивен и инспиративен начин, свирејќи го спонтано само она што го чувствува и извира директно од него. Неговите композиции се автентична мешавина од повеќе музички […]

Три основни училишта и една градинка во Чаир ќе добијат фотоволтаици за целосна енергетска ефикасност


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска ќе потпишат договор за кофинансирање на проект за целосна енергетска ефикасност со поставување на фотоволтаици на јавни објекти во три основни училишта и во една градинка. Проектот CBCEko kid е со вкупна вредност од 423.038 евра и е финансиран од Европската […]

Променливо облачно со повремен дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Како што информираат од УХМР, […]

Србија во хаос со снегот – сè застана


  Ширум западна Србија вечерва паѓа снег, а сообраќајот е успорен или отежнат. Како што се гледа на снимките објавени на социјалните медиуми, снегот не престанува да паѓа. Снег има по коловизите, па на возачите им се проепорачува дополнително внимание. Колони возила на сите патни правци, на кои не им се гледа крај. „Снегот само […]

(Фото)Далмација отсечена од остатокот од Хрватска


  Снегот во Хрватска предизвика потполн колапс во сообраќајот и ја отсече Далмација од остатокот од Хрватска, јавува Индекс.хр.   Од 14.30 денеска, поради огромни количини снег и силен ветар, нема слободен патен правец ни за една група возила од насока на Далмација кон внатрешноста, јавија од Хрвастки патишта. Иако камиони – чистачи постојано се […]

Грција доживува неверојатен туристички бум


  Патниците од Велика Британија се на чело на извонредното закрепнување во туризмот во Грција со пристигнувања зголемени за 181 отсто минатата година, според централната банка на земјата. Речиси 4,5 милиони Британци биле регистрирани на грчките влезни точки, што е рекорден број и речиси 3 милиони повеќе отколку во 2021 година. За прв пат, туристите […]