Србија во хаос со снегот – сè застана


 

Ширум западна Србија вечерва паѓа снег, а сообраќајот е успорен или отежнат.

Како што се гледа на снимките објавени на социјалните медиуми, снегот не престанува да паѓа.

Снег има по коловизите, па на возачите им се проепорачува дополнително внимание. Колони возила на сите патни правци, на кои не им се гледа крај.

„Снегот само вее. Огромна колона на Златиборскиот пат. Внимателно“, објавено се на Фејсбук страницата Ужице.

Снежна меќава го погоди и Прибој.

Републичкиот хедрометеоролошки завод денеска на својата веб-страница објави предупредување поради снежни врнежи.

Како што се наведува, се очекува поголемо количество снег.