Алтернатива пробува да се „врати во игра“ со предлог за заедница на албански општини


  Некои во Македонија почнаа да гледаат на можноста за смирување на тензиите меѓу Србија и Косово ако утре во Брисел Александар Вучиќ и Албин Курти го прифатат европскиот план, како можност да отворат нова безбедносна криза во регионот. Алтернатива, чии министри беа разрешени пред неколку дена, веднаш излезе со предлог во Македонија да била […]

Голема куќа во Козле и пеколен крај – има ли вистина во приказните за Христијан Мицкоски


  Изградбата на куќи стана лајтмотив на македонската политика. Или барем тврдењата дека во тоа има многу незаконски работи. Прво беа наводите на ВМРО-ДПМНЕ за куќата што ја изградил лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во елитната скопска населба Тафталиџе, за сега да излезат слични такви наводи за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Порталот […]

Бугарското ВМРО се откажа – нема да учествува на изборите на 2 април


  Партијата на Красимир Каракачанов ВМРО изгледа оди кон неповратно и целосно маргинализирање во Бугарија. Денеска таа соопшти дека нема да се појави на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 април, иако се пријави да учествува на нив. Наместо тоа, партијата ќе ги бојкотира со кампања дека учеството во нив е беспредметно, бидејќи „кога странските […]

Брод со мигранти се преполови при удар во карпа во Италија, загинаа најмалку 45лица


  Најмалку 45 лица, вклучително и новороденче, загинаа во бродолом додека се обидувале да се истоварат на плажа во разбрануваното море во близина на брегот на италијанската област Калабрија. Италијанската противпожарна служба напиша на Твитер дека 28 тела биле пронајдени рано наутро, а многу биле донесени на туристичка плажа во близина на Стекато ди Кутро, […]

Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски


  Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Владата […]

Трите оружја кои го променија правецот на војната на Украина против Русија


  Кога рускиот претседател Владимир Путин ги испрати своите сили во Украина пред една година, повеќето набљудувачи очекуваа брза победа на напаѓачите. Тие рани предвидувања за рускиот успех не се остварија, за што експертите го наведуваат различни фактори, вклучително и повисокиот морал и супериорната воена тактика на украинската страна, но исто така – од суштинско […]

Путин со истиот став: Западот сака да ја уништи Русија


  Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да ја уништи Русија. Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека во интервју за Росија 1 Путин рекол дека Западот има „една цел – да го растури поранешниот Советски Сојуз и неговиот главен дел – Руската Федерација“. „И тогаш, можеби, ќе нѐ примат […]

Османи се сретна со претставници на македонската дијаспора во САД


  Македонската дијаспора во САД има голем ангажман во лобирање и промовирање на интересите на Македонија пред претставниците на американската администрација,  политичките и бизнис елити, оцени министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на средбата со нејзини претставници во Њујорк. Османи учествува на сесија на Генералното собрание на ОН. Средбата на Османи беше со претставници на […]

Златната мечка на Берлинале доделена на француски документарен филм


  Берлинскиот филмски фестивал во саботата ја додели својата главна награда Златна мечка на документарен филм на францускиот режисер Никола Филибер, а наградата за најдобра актерска игра на осумгодишно девојче, што шефот на жирито Кристен Стјуарт го опиша како настан кој „потиснува граници“. „На Адамант“, кој доаѓа повеќе од 20 години по познатиот едукативен документарец […]

Зетот на министерот Шојгу лајкна антивоен пост и ги нарече Z-активистите говеда


  Зетот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, блогерот Алексеј Столјаров, ја поддржа објавата на новинарот Јуриј Дуд за „бесмислената и крвава војна“ на Путин на годишнината од инвазијата на Украина. Кога бил забележан во листата на оние на кои им се допаднала публикацијата, Столјаров го отстранил лајкот и го затворил профилот, пишува московскиот телеграмски […]

Во Белград и Загреб паѓа снег


  Дека претстои заладување на времето во македонија денеска изутрина најдобри се илустрациите од снегот што паѓа во Белград и Загреб. За Србија е необично што додека изутрина главниот град османа под снежна покривка, 200 километри подолу, во Ниш температурата беше 15 степени. И во Загреб цела ноќ паѓаше снег, но метеоролозите најавуваат дека попладнево […]

Пионот, кралицата, коњот и глупиот Август


Иако изгледа дека работите се навидум исти по двонеделната расправа околу разрешувањето на министрите и именувањето на нови членови на Владата – бескрајни дискусии на опозицијата за да се одложи процесот – но тие во никој случај не се какви што беа. Сцената е поставена за последната година од мандатот на кабинетот на Димитар Ковачевски, […]

Раскошниот фламански еп ги опседна Белгијците – но дали е тоа историја или пропаганда?


  Тоа е блокбастер ТВ, со Римјани и Викинзи, витези и неандерталци, возови и ровови од Првата светска војна – и голема доза на политички контроверзии. „Приказната за Фландрија“, историска серија од 10 дела што се емитува во северниот регион на Белгија до март, беше културна знаменитост. Но, очигледно раскошното финансирање од владата во регионот, […]

И денеска ќе биде топло, од утре заладување


  Релативно топло време ќе се задржи утре, а ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места со брзина над 60 км/час. Како што соопштија од УХМР, кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а […]

26 февруари во историјата – Сандинистите беа поразени на изборите во Никарагва


  Една година откако се согласи на слободни избори, левичарската сандинистичка влада на Никарагва изгуби на гласачките места. Изборите ставија крај на повеќе од една деценија на напорите на САД да ја соборат владата на сандинистите. Сандинистите дојдоа на власт кога го соборија долгогодишниот диктатор Анастасио Сомоза во 1979 година. Од самиот почеток, американските власти […]

Несреќа во Илинден: Деца запалиле цистерна, загинало девојче


Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче загина во пожар на цистерна во складиште на „Макпетрол“. Според информациите од МВР, малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол. Децата, рекле дека на цистерната има малолетно женско лице и истото починало, јавија повеќе медиуми. Случајот го пријавил С.К. кај […]

Кога да употребите алуминиумска, а кога најлонска фолија?


Бидејќи ниту најлонската, ниту алуминиумската фолија не се добри за животната средина, секогаш е препорачливо да ги избегнувате. За печење користете хартија за печење, а преостанатата храна ставете ја во сад со капак. Сепак, не е секогаш можно да се избегне употребата на фолија, па затоа е добро да се знае кога да се користи. […]

Туристичката тура на „Титаник“ започнува во мај годинава по цена од 260.000 евра


„Титаник“ и денес привлекува големо внимание. Бродот кој потона, иако се зборуваше дека не може да потоне, стана исклучително атрактивна туристичка атракција. Симболот на напредокот и гордоста во еден момент станува подостапен за јавноста секоја година, некогаш темната гробница на „Титаник“ станува посветла и поотворена за јавноста. „Mission specialists“ е сосема нова туристичка тура на […]

Корида, љубов и музика на Струмичкиот карневал


Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна, почна да тече реката од карневали составена од 41 групи со 1.200 учесници со 300 гости од странство, кои на Интернациналната вечер повеќе од 3,5 часови ќе дефилираат низ улиците на градот. Реката од маски само на момент запираше кога групите ги претставуваа своите […]

Еклиптиката видлива над Скопје


Планетите орбитираат околу Сонцето речиси по една рамнина наречена еклиптика. Затоа, гледано од Земјата, планетите се наоѓаат на една линија, што е истата линија по која Сонцето се движи по небото.   Вечерва (петок 24.02.2023) Месечината, Јупитер и Венера се израмнија речиси на таа линија. Боби Кузманоски го овековечи ова на прекрасна фотографија на која […]