Путин со истиот став: Западот сака да ја уништи Русија


 

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да ја уништи Русија.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека во интервју за Росија 1 Путин рекол дека Западот има „една цел – да го растури поранешниот Советски Сојуз и неговиот главен дел – Руската Федерација“.

„И тогаш, можеби, ќе нѐ примат во таканареченото семејство на цивилизирани народи, но само посебно, секој дел посебно. За што?” изјави Путин.

Во коментар за друг канал, Путин рече дека Русија треба да ги земе предвид нуклеарните капацитети на НАТО.

„Во денешни услови, кога сите водечки земји на НАТО ја прогласија својата главна цел како да ни нанесат стратешки пораз, за да настрада нашиот народ како што велат, како можеме да ги игнорираме нивните нуклеарни способности во овие услови?“, пренесе ТАСС.

Путин често ја нагласува важноста на модернизацијата на руските нуклеарни сили.

Забелешките на рускиот претседател се надоврзуваат за состојбата на државата претходно оваа недела.

„САД и НАТО отворено кажуваат дека нивната цел е стратешки пораз на Русија“, рече тој. „И што, после тоа треба да им дозволиме да се движат околу нашите (нуклеарни) капацитети?“