Нови дојави за бомби во Скопје, Прилеп и Охрид, наставата треба да продолжи онлајн


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Нови дојави за бомби утрово има во Скопје, Прилеп и Охрид.

Според информациите, закани за поставени електронски направи пристигнале на електронските адреси на 19 средни и осум основни училишта, едно училиште во Прилеп, како и Основниот суд во Охрид.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

За еден час наставата треба да продолжи да се одвива онлајн, по препорака на Министерството за образование, но дел од училиштата не се подготвени, затоа што велат, не функционираат старите меил адреси на учениците.