Пад на превезената стока со железницата


Во четвртото тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939.000, во градско-приградскио 11.825.000, во железничкиот 131.000, а во воздухопловниот превоз 559.095, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3.460.000 патници, во градско приградскиот, 41.634.000, во железничкиот 406.000, а во воздухопловниот 2.365.847.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,7 проценти, во железничкиот е намаленo за 28,5 проценти, а во воздухопловниот е намалено за 3,5 проценти.

Според податоците на ДЗС, во последниот квартал лани се превезени 22.061.000 тони стока во товарниот патен превоз, а во тек на целата година 74.639.000.

Железничкиот превоз, пак, бил искористен за транспорт на 316.000 тони стока во четвртиот квартал, а во тек на цела 2022 година се транспортирани 1.372.000 тони стока.

Од превезената стока со железницата во последниот квартал лани, 315 илјади тони се во меѓународниот, а илјада тони во националниот железнички превоз.