„Фајзер“ купува компанија која развива терапија за лекување рак


Фармацевтската компанија „Фајзер“ е во процес на преговори за купување на биотехнолошката компанија „Сајџин“ (Sygene), која работи на развој и комерцијализација на целни терапии за лекување на рак и чија пазарна вредност е околу 30 милијарди долари.

„Фајзер“ е во рана фаза на преземање на производителот на лекови „Сајџин“, објави Вол Стрит Журнал во неделата навечер, цитирајќи луѓе запознаени со ситуацијата.

Како што е наведено, преговорите се во прелиминарна фаза, но ниту „Фајзер“ ниту „Сајџин“ немаат коментар.

„Сајџин“ беше во преговори да биде преземен од „Мерк“ минатата година, во зделка што би вредела повеќе од 40 милијарди долари, објави тогаш весникот, но двете страни не успеаја да постигнат договор.