Притвор за осомничениот за убиството на старицата од Струмица


Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор. Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, Мариета Дукиќ, мерката му ја одредил судија на претходна постапка од судот, кој го прифати предлогот на струмичкото Јавно обвинителство. Притворот му е одреден по член 123 […]

Гир: Неопходни се длабински медиумски реформи за создавање отпорност кон лажните вести и дезинформациите


Северна Македонија е во многу важна фаза од процесот на приклучување кон ЕУ, но започнатиот процес треба да забрза. Важни се оние длабински реформи не само поради условеноста, туку и за да се изгради општество кое е отпорно, конкурентно, кое одговара на потребите на граѓаните и ги штити нивните фундаментални права, вклучително и во насока […]

Од фирмите што работат во недела собрани 94 милиони денари данок


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска информира дека се собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите кои работеа во недела. Тие средства ќе се трошат за фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи и раст на платите. Според Бесими, ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот […]

(Галерија) Показна вежба на „Тигрите“ и Единицата на службени кучиња при МВР


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот надворешни работи Бујар Османи и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, денеска го посетија полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје, каде ја следеа показна вежба на припадниците на Спецјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата за службени кучиња К9 при МВР. . Министерот за внатрешни […]

Зголемен обем на активности кај давателите на финансиска едукација


  Народната банка во декември 2022 година спроведе Анкета за активностите за финансиска едукација во текот на изминатата година спроведени од страна на регулаторните институции, како и субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор кои се вклучени во финансиската едукација. Според резултатите од Анкетата активностите за финансиска едукација во текот на минатата година се зголемени кај […]

Хил: Србија веќе плаќа превисока цена за невоведувањето санкции кон Русија


Србија веќе плаќа „превисока цена” за тоа што избегнува воведување санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, изјави денеска американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, додавајќи дека САД имаат разбирање за искуствата на Србија со санкциите што претходно беа воведни против неа. „Разбираме дека Србија има историски однос и искуство со санкциите, но таа почнува […]

Нема случаи на корупција и злоупотреба на финансиските средства од Светска банка, вели Паолучи


  Во активното портфолио на Северна Македонија со кое управуваме сега, нема случаи на корупција и злоупотреба на финансиските средства, рече денеска директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи. Како што истакна Паолучи, средствата се спроведуваат според правилата за јавни набавки на Светската банка, кои се усогласени со принципите за ефикасност, ефективност, […]

Ќе се постигне европско мнозинство во парламентот, изјави Ковачевски за белградска „Политика“


  „Верувам дека во нашата држава е можно да се постигне европско парламентарно мнозинство кое ќе ја обезбеди европската иднина на Северна Македонија, бидејќи тоа е стратешки цел поставен од независноста на државата, а шансите за членство во ЕУ никогаш не биле поголеми и пореални“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интерју за српска „Политика“. Тој […]

Украина потврди дека нејзините војници се повлекле од Соледар (Видео)


  Украинските војници се повлекоа од источниот град Соледар каде се ископува сол, изјави во средата телефонски воен портпарол за Си-Ен-Ен. Русија претходно овој месец тврдеше дека нејзините сили го зазеле Соледар, но Украинците претходно не потврдија дека градот паднал. „Украинските вооружени сили се повлекоа од Соледар за да ги спасат животите на својот персонал“, […]

Со лабораторијата АМБИКОН се следи квалитетот на воздухот


Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде беше во обиколка на оваа високообразовна институција. Премиерот ги посети двете лаборатории на универзитетот, како и реконструираниот амфитеатар во рамките на објектот, а беше во посета и на спомен собата на Гоце Делчев, во […]

Шаќири: Од февруари ќе може да се полага за директори во училишта


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува во текот на наредниот месец да продолжат сите постапки во Државниот испитен центар и тие да бидат поквалитетни од претходните. – Во редовна комуникација сум со новата директорка на Испитниот центар која изврши проверка на сите документи кои беа од претходниот оглас, а имаше и датум за […]

Полицијата пронајде докази за вината на Алвеш во случајот за силување


Шпанија – Надлежните органи за спроведување на законот во Шпанија пронајдоа докази за вината на поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш за силување на девојка, пренесува „REGNUM“, повикувајќи се на „El Periodico“. Според изворот, како резултат на медицинскиот преглед, полицијата имала докази кои укажуваат дека Бразилецот сепак извршил кривично дело. Меѓу другото, пронајдени се отпечатоци од […]

Сали: Нема инсулинска криза, буџетот за ретки болести со раст за 40 отсто


Нема инсулинска криза, буџетот за ретки болести е зголемен за 40 отсто, нагласи денеска министерот за здравство Беким Сали, одговарајќи на новинарски прашања. Запрашан дали државата ќе им ја обезбеди терапијата што ја бараат пациентите кои најавуваат протест на 4 февруари пред Владата, Сали истакна дека тие постојано работат во насока на изнаоѓање решение за […]

Уапсен Русин за лажните дојави за бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина


Грчката полиција денеска во Солун уапсила 42- годишен Русин кој вчера го испратил мејлот со лажни дојави за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина, објавија грчките медиуми. Според „Етнос“, станува збор за лице кое во заканувачкиот мејл испратен вчера тврдел дека е исламист и напишал дека „во името на Алах […]

Уставен суд ја укина Одлуката за ДУП, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно


  Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014 година  Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07  со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара. „Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на […]

Германија попушти: Ќе испрати тенкови во Украина


  Сега е официјално. По вчерашните најави во медиумите германската влада денеска објави дека има намера да испорача повеќе од десетина тенкови „Леопард 2“ на Украина. Покрај тоа, таа сака да им дозволи на другите земји да ги предадат овие тенкови од нивните сопствени резерви. Канцеларот Олаф Шолц го објави ова за време на седницата […]

Концерт на бразилскиот пијанист Пабло Роси во КИЦ на РС Македонија во Загреб


Бразилскиот пијанист Пабло Роси во понеделникот одржа концерт во Културно-информативен центар на РС Македонија во Загреб. – Покрај бразилска пијанистичка ѕвезда, Пабло Роси, настапи и квинтетот со дел од музичари на камерниот ансамбл Кантата Балканика, во кои членуваат млади талентирани музичари од целиот регион, информира Наталија Поповска, директорка на КИЦ на РС Македонија во Загреб. Таа посочува […]

(Во живо) Прес-конференција на портпаролите на Владата и соработникот за енергетика Андонов


Проследете jа прес-конференцијата на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа и Виктор Андонов, соработник за енергетика во Канцеларијата на премиерот Ковачевски.  

Да го оставиме Министерството за финансии без вработени? Бесими објаснува зошто се зголемени платите


  Бројот на вработените во Министерството за финансии (МФ) е речиси преполовен. Раководители на сектори даваат откази, едноставно си одат. На друго место добиваат повеќе можности и подобри услови. Министерството за финансии беше и единствениот пример во целата државна администрација кое имаше пониска плата од органите во состав – УЈП и Царинската управа. Вака ресорниот […]

Османи им остава на историчарите да го коментираат Милков


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема да биде адвокат на комунистичкиот период, коментирајќи ја изјавата на неговиот бугарски колега Николај Милков дека нема да дозволи во Македонија да се врати црната традиција на палење, стрелање и насилство. – Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема […]