Извадено телото на жената која се фрли во Вардар на новогодишната ноќ


Денеска специјалците од полициската единица Тигри во реката Вардар го пронајдоа и извадија телото на жената што се фрли во реката кај Велес. 55-годишната жена која после полноќ на 31 декември се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес, а во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес […]

Фон дер Лајен ѝ вети на Украина поддршка од ЕУ во „херојската борба“


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади. – Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша […]

Татко прво им се заканил на синот и снаата, па почнал да пука со пушка


Голема драма се случувала на новогодишната ноќ пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко. – На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани […]

Зголемен број деца хоспитализирани на детско одделение во кумановската болница


Околу 100-тина прегледи дневно има на детското одделение од општа болница Куманово, информираа денеска надежните од јавната здравствена установа. На одделението, хоспитализирани се дваесет дечиња, а на дневна болница има 15-тина деца на дневна болница. – Заболените се деца на училишна и предучилишна возраст. Се разболуваат и помали кои се инфицираат од братчињата, сестричиња. Најчесто […]

Град Скопје го зголеми буџетот за мерни станици за загадување на воздухот


Иницијативата Зелен Хуман Град која ја сочинуваат голем број здруженија успеа да се избори за 5 круцијални проекти во Буџетот на Град Скопје за 2023 година. Велат ги чека напорна работа претстојнава година со цел да се осигураат дека сѐ од прифатеното ќе се реализира! За новиот Буџет 2023 се прифатени 5 амандмани што ЗХГ […]

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година


На социјалната мрежа Твитер се појави видео, кое наводно е направено во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје по новогодишната ноќ. Како што може да се забележи на видеото, низ ходниците се расфрлани различни отпадоци и има скршено стакло, а уништен е и еден хидрант. – Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив […]

Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран


 Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост. Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА. Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи. Секој кој е чувствителен на загадување или е […]

Тетово и Гостивар со мерки за заштита од загадување


Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која […]

Пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело најверојатно на Македонец


 По неколкудневна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист Пламен Христов, кој исчезна пред една недела. Телото е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, Бугарија, а до него е пронајдено уште едно тело на маж, кое не е идентификувано, но се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи како него се пронајдени македонски денари. Информацијата […]

ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, проблеми со вентилацијата


АД ЕСМ денеска соопшти дека термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен. – Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде […]

Дете во Виетнам два дена заглавено во шахта, спасувачите не можат да стигнат до него


  Спасувачи во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробени длабоко во тесно окно на градилиште. Ли Хао Нам барал старо железо кога паднал во шуплината во окраината ДОнг Тап во новогодишната ноќ, јавија локални медиуми. Тимови спасувачи сега се борат да го ослободат и впумпуваат кислород во потпорен столб длабок 35 метри за […]

Наредена евакуација: Невреме во Калифорнија


Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат. Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени. Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја реки, а локалните власти наредија евакуација […]

Забрзан премин за носителите на Мкарта при нивното доаѓање во земјава


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат „fast-track“ на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата. Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата […]

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци


Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста. Како што попладнево соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост до 150 метри има на патниот правец Тетово – Групчин и од 50 до 100 метри на патните правци Битола-Прилеп-Плетвар, Кичево-М.Брод,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип. 

Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, дел од летовите одложени и откажани


Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата. Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, […]

Османи: Олеснување на животот на луѓето се приоритет во нашето претседавање со ОБСЕ


Зајакнувањето на активностите на теренот ќе биде главниот приоритет на македонското претседавање со ОБСЕ, истакна Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Северна Македонија и новиот претседавач на ОБСЕ во 2023 година во своето обраќање до јавноста на првиот ден во новата година, кога официјално започнува и претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална организација […]

„Ролингстоун“ објави листа на 200 најдобри пејачи, јавноста се прашува зошто ја нема Селин Дион


САД- Култното списание „Ролинг стоун“ објави листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња – „вокалисти кои ја обликуваа историјата и ги дефинираа нашите животи – од госпел до панк“, како што се вели во описот. „Кога ’Ролинг стоун‘ првпат ја објави својата листа на 100 најдобри пејачи во 2008 година, користевме подробен процес на […]

Претседателството на Шведска со ЕУ ќе биде клучно за одржување на поддршката за Украина


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека шведското претседателство со Европската унија ќе биде од клучно значење за зачувување на единството на ЕУ во поддршка за Украина. Таа на Твитер напиша дека Шведска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ во клучен момент. – Можете да сметате на мене дека ќе се залагам за вашите […]

Заради три тетоважи на Путин: Откажан настапот на балетанот Полунин во Милано


Италија– Tеатарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанoт Сергеј Полунин, кој има три тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин. Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат […]

Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура во Украина


Украина– Властите на Киев ги повикаа жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија откако руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура. Енергетската компанија ДТЕК утрово соопшти дека била принудена да изврши итни прекини на струјата. Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, ги повика жителите на главниот град да внимаваат на потрошувачката на енергија. – Во […]