Земјотрес во Грција


Грција – Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот регион Месинија, југозападниот дел на Пелопонез, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Епицентарот на земјотресот, кој се случи утринава во 07:28 часот, бил во морето на 46 километри јужно од Метони, на длабочина од 18 километри, пренесува Катимерини. Според податоците на Европско-медитеранскиот […]

Четири жртви во судар на два хеликоптери во Австралија


Австралија – Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери кој се случи денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти локалната полиција. Сударот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога забавниот парк бил полн со семејства кои уживале […]

Украинците, Шанел од Шпанија и рускиот бенд се најгледани настапи на Евросонг (видео)


Швајцарија- Уредниците на официјалната веб-страница на Евровизија ги објавија 50-те најгледани настапи во текот на 2022 година на официјалниот евровизиски канал на YouTube. На прво место е актуелниот победнички настап на украинскиот бенд Калуш Оркестар, кој победи на Евросонг со песната „Стефанија“. На второ место е Шпанката Шанел (СлоМо), а под неа се претставниците на […]

Бесплатен паркинг на дел од јавните паркиралишта во Скопје


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека за време на новогодишните празници односно на 1 и 2 јануари на јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември нема да се врши наплата. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје посочуваат дека јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе […]

Џереми Ренер се бори за живот откако се повредил чистејќи снег


САД- Новата година започна лошо за актерот Џереми Ренер (51), најпознат по улогата во серијата на Марвел „Hawkeye“, но и по улогата во акциониот хит „The Bourne Legacy“. Имено, тој на 1 јануари доживеал несреќа додека чистел снег пред куќата, по што итно бил пренесен во болница. Неговиот портпарол изјави дека актерот е во „критична, […]

Верниците се простуваат од папата Бенедикт XVI во базиликата Св. Петар


  Верниците од понеделник наутро можат да му оддадат почит на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, во ватиканската базилика Свети Петар. Приватните посети на кардинали и лица тесно поврзани со Рацингер започнаа на 1 јануари, а папата Франциско беше првиот што му оддаде почит на починатиот на 31 декември, непосредно по неговата смрт, потврди директорот на […]

Темишвар, Веспрем и Елевсина – европски престолнини на културата во 2023


Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Ја преземаат од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022-ра го славеа европското културно наследство. Грција по четврти пат ќе биде домаќин на целогодишната програма од проектот на ЕУ – Европска престолнина на […]

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот збор уште посилно да одекне низ светот


Дали направивме доволно оваа година, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е […]

Сцени како во филм: Со оклопни возила пристигнале пред затворот и убиле десет чувари, неколку затвореници избегале


Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија во неделата локалните власти во Чивава во Мексико. Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени, соопшти државното обвинителство на мексиканската држава Чивава. Вооружените напаѓачи пристигнале со оклопни возила и почнале да пукаат […]

Опозицијата бара избори во мај, власта ги најавува за 2024 – но во политиката се е можно


Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата, ќе трае сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Блокадата, според партијата, подразбираше и „попречување на штетните закони и политики“. За власта и покрај […]

„Мета“ го купи производителот на паметни леќи „Луксексел“


  „Мета“, компанијата мајка на Фејсбук го купи „Луксексел“ (Luxexcel), холандски стартап специјализиран за паметни очила. Веста за купувањето прво ја објави „Де Тијд“, а подоцна ја потврди и „Техкранч“ (TechCrunch). „Возбудени сме што тимот на ‘Луксексел’ се приклучи на ‘Мета’, продлабочувајќи го постојното партнерство меѓу двете компании“, рече портпаролот на „Мета“. Компанијата не ги […]

Лорис и Мартинез очи во очи: Прва средба на голманите на Франција и Аргентина по СП во Катар (видео)


Фудбалерите на Астон Вила го победија Тотенхем со 2:0, а покрај заслужената победа на гостувањето, најинтересниот момент на натпреварот се случи уште пред почетокот на истиот. Тоа беше средба меѓу Хуго Лорис и Еми Мартинез, првиот избор на голмани на француската и на аргентинската репрезентација кои одиграа незаборавно финале на неодамнешното СП во Катар. Лорис […]

2 јануари во историјата – Заврши американско-советскиот детант


  На 2 јануари 1980 година, како силна реакција на советската инвазија на Авганистан во декември 1979 година, претседателот Џими Картер побара од Сенатот да ја одложи акцијата за договорот за нуклеарно оружје САЛТ II и го повлече американскиот амбасадор од Москва. Овие дејствија испратија порака дека времето на детант и попријателските дипломатски и економски […]

Стотици патници заробени на 14-катен крузер, не може да се закотви поради штетни микроорганизми


Стотици патници останаа заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“ во близина на австралискиот брег, откако на неговиот труп беа пронајдени потенцијално штетни микроорганизми, поради што му беше забрането да се приклучува, јавува Би-Би-Си. На бродот за крстарење, наводно, му била одбиена дозвола да се закотви во Аделаида, откако властите откриле „биофул“ – акумулација на микроорганизми, […]

Градежништвото во 2022: Поништени тендери, високи трошоци, правна помош за над 1000 работници


  Градежништвото, според бизнис заедницата, остава зад себе година со малку градежни активности, мал број нови и голем број поништени тендери, пораст на цените на енергенсите и на сите компоненти на градба. Во делот на работничките права, пак, според оценките на гранскиот синдикат, им била потребна и е дадена правна помош на над 1000 работници, […]

Образованието во 2022: По две пандемиски години учениците се вратија во училиштата


  Образовната 2022 ја одбележаа новини во основното образование – наставни прогарми согласно Концепцијата од 2020-та, реформи во средното стручно, изгубени часови за учениците и протест на студентите. По две пандемиски години, околу 255 илјади основци и средношколци во септември се вратија во училишните клупи без антиковид-протоколи во учебната  2022/2023 година. Но, КОВИД-бројките беа високи […]

Ленс му го нанесе првиот пораз на ПСЖ ова сезона


Ленс синоќа го победи ПСЖ со 3:1 во натпревар од 17. коло на францускиот фудбалски шампионат. За парискиот тим овој пораз беше прв во сезоната 2022/23. Полскиот играч за врска Пжемислав Франковски ги доведе домаќините во предност во 5. минута, но парижаните речиси веднаш возвратија благодарение на голот на Хуго Екитика. Во средината на првото […]

Сончево време со магла по котлините


Во поголем дел од државата денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла […]

Њујорк одобри компостирање на посмртните останки на починатите


  Њујорк им се приклучи на американските сојузни држави кои дозволуваат т.н човечко компостирање, јави Би-Би-Си во неделата. Луѓето во Њујорк сега можат да се подложат на процес познат како „природна органска редукција“ по смртта, што се смета за еколошка алтернатива на традиционалното погребување во ковчег или кремирање. Ваква постапка за прв пат беше дозволена […]