Сцени како во филм: Со оклопни возила пристигнале пред затворот и убиле десет чувари, неколку затвореници избегале


Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија во неделата локалните власти во Чивава во Мексико.

Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени, соопшти државното обвинителство на мексиканската држава Чивава.

Вооружените напаѓачи пристигнале со оклопни возила и почнале да пукаат кон чуварите. Во исто време, семејствата на затворениците чекалр да бидат пуштени во затворот на посета по повод Новата година.

Нападот се случил со цел да се овозможи бегство на група затвореници, според првичните информации.

Полицијата со помош на војската уапсила четири лица. Не се знае дали станува збор за напаѓачи или за избегани затвореници.

Во затворот во овој град во северно Мексико се сместени членовите на картелите Синалоа и Хуарез, кои повеќе од 15 години се борат за контрола на градот.