Намалена видливост поради магла на неколку патни правци


Фото: Б. Грданоски

Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста.

Како што попладнево соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост до 150 метри има на патниот правец Тетово – Групчин и од 50 до 100 метри на патните правци Битола-Прилеп-Плетвар, Кичево-М.Брод,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.