Канцеларија за КиМ: Две српски момчиња ранети од огнено оружје во близина на Штрпце


Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија денеска соопшти дека бара итна и одлучна реакција на меѓународната заедница, по повредувањето на две момчиња во Готовуши во близина на Штрпце. Врз момчињата било пукано од возило во движење, при што едниот е застрелан во рака, а другиот во рамо. Тие се хоспитализирани во Грачаница. Од Канцеларијата […]

Корона-лудило во Кина: Старите во паничен страв од инфекција, младите намерно се изложуваат на вирусот


  Кина се бори со голем број заразени со корона. Додека постарите пациенти се борат со тоа како и каде да добијат болнички кревет и медицинска помош во преполните болници, младите луѓе намерно се изложуваат на инфекција. Тригодишните строги мерки во борбата против корона донесоа експлозија на вирусот во Кина по олабавување на мерките. Преполните […]

Кавадарчани се степале со полицајци


На 06.01.2023 во 01.50 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(27), П.И.(33) и Д.М.(30), сите од Кавадарци, затоа што А.Т. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а П.И. и Д.М. агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на […]

Во Скопје попладнево регистриран земјотрес


Земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, е регистриран попладнево во 16 часот и 51 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје […]

Конгресмен на гласање за претседател на Долниот дом дојде со бебе


  Конгресменот Џими Гомез го доведе својот четиримесечен син на изборите за претседател на Долниот дом во Вашингтон. Кога републиканските членови на Долниот дом не успеаја да изберат претседател, што е прв неуспех од таков вид во овој век, Гомез одлучи да дојде со своето четиримесечно бебе, Хоџ. This baby was born on the first […]

Талибанците до принцот Хари: Окупаторските сили во Авганистан убиваа невини луѓе без никаква одговорност


Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“. – Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа […]

Стара нацистичка мапа поттикна лов на богатство во Холандија


  Стара мапа за која се верува дека го означува местото каде германските војници криеле богатство вредно милиони евра во Втората светска војна, оваа недела ја разбуди имагинацијата на аматерски ловци на богатство во Холандија. Вооружени со детектори за метал и лопати, групи талкаа по полињата околу руралниот Омерен на истокот од земјата, откако Холандскиот […]

„Опен АИ“, која стои зад „Чет ГПТ“ проценета на 29 милијарди долари


„Опен АИ“ (OpenAI), истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција која стои зад четботот „Чет ГПТ“ (ChatGPT), е во преговори за продажба на постојните акции во тендерска понуда со која компанијата би се проценувала на околу 29 милијарди долари, објави Волстрит журнал. Во извештајот се додава дека договорот е структуриран на таков начин што фирмите за ризичен […]

Пожар во Градскиот трговски центар во Тетово


Попладево избувна пожар во еден локал на третиот кат од Градскиот трговски центар во Тетово. Се работи за локал кој е напуштен и не работи подолг период, вели за „Слободен печат“ еден сопственик на локал во трговскиот центар, но во него имало текстилни производи. Со брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ Тетово пожарот е ставен […]

Воз со руски војници и опрема пристигна во Белорусија


Воз со руски војници и опрема пристигна во Белорусија, соопшти денес белоруското Министерство за одбрана. Минск во четвртокот објави дека ќе добие повеќе оружје и воена опрема како дел од зголемувањето на воената соработка меѓу двете земји, потсетува Ројтерс. Беше наведено и дека Белорусија и Русија продолжуваат да формираат заедничка воена група во Белорусија и […]

Фрлена бомба во објект на булеварот „Гоце Делчев“ – нема повредени


Синоќа во 21:11 часот во Полициската станица Центар, 31-годишен скопјанец пријавил дека во неговата авто перална на булеварот „Гоце Делчев“, две лица со мотоцикл фрлиле направа која предизвикала експлозија. -На 05.01.2023 во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална […]

„Госпоѓата со шешир“ на Маша Оргизек сега и на македонски јазик


Младинската книга „Госпоѓата со шешир“ на словенечката авторката Маша Оргизек излезе од печат и на македонски јазик, соопшти Македонскиот центар ИТИ продукција. Од издавачката куќа информираат дека нивната прва младинска книга е преведена на македонски јазик од страна на Иванка Апостолова Баскар. 

Бугарското Министерство за здравство размислува да забрани извоз на лекови


  Во Министерството за здравство се разговараше за воведување целосна забрана за извоз на лекови од Бугарија, но тоа не е законски, бидејќи според европските конвенции забрана може да се воведе само во вонредна епидемиолошка состојба, изјави денеска технички министер за здравство на Бугарија Асен Меџидиев. – Доколку некоја земја воведе таква забрана, ќе има […]

Ветрот собори кран на трговски центар во Норвешка, едно лице е повредено


Најмалку едно лице е повредено, а едно се води како исчезнато откако денес поради силниот ветер градежен кран се урна врз трговски центар во изградба во централна Норвешка, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата Ебе Кимо за весникот VG изјави дека кранот, висок најмалку 50 метри, се урнал поради ветерот во трговски центар во Мелхус, јужно […]

Честитка за Божик од претседателот Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката […]

Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином


Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрза истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли. Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно […]

Годишната инфлација во еврозоната во декември забави на 9,2 отсто


  Во декември минатата година еврозоната забележа годишна стапка на инфлација од 9,2 отсто, откако во ноември годинава таа изнесуваше 10,1 отсто, покажува првата проценка на европската статистичка служба Евростат. Инфлацијата продолжи да биде поттикнувана од високите цени на енергијата и храната. Цените на енергенсите во декември беа повисоки за 25,7 отсто од претходната година. […]

Како Словенците ги зауздаа цените при воведување на еврото


  Хрватска последните денови, откако на 1 јануари еврото стана официјална валута, се соочува со бран поскапувања при искажување на цените од куни во евра, што предизвика бран реакции во јавноста и закани од владата дека ќе преземе соодветни мерки. Хрватските медиуми се повикувата и на словенечките искуства, со оглед дека овој сосед на Хрватска, […]

ВМРО-ДПМНЕ секој ден критикува, но не сака вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух


  Владејачката партија во Советот на Град Скопје денеска соопшти дека немало потреба за вонредна седница на Советот околу загадениот воздух и ги повика градоначалничката Дабела Арсовска и Владата тие да го решавале проблемот. Претседавачот на Советот, Трајко Славески, е дел од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата последниве денови постојано критикува за загадениот воздух, но […]

Ѓоковиќ со осцилации обезбеди полуфинале во Аделаида


Српската ѕвезда Новак Ѓоковиќ со брејкови во финишот од првиот и вториот сет го победи за безмалку два часа Денис Шаповалов за да обезбеди полуфинале и пресметка со Данил Медведев за финалето на турнирот во Аделаида, како завршна подготовка пред стартот на Австралија опен за десет дена. Ѓоковиќ осми пат во осум пресметки го победи […]