Ѓоковиќ со осцилации обезбеди полуфинале во Аделаида


Српската ѕвезда Новак Ѓоковиќ со брејкови во финишот од првиот и вториот сет го победи за безмалку два часа Денис Шаповалов за да обезбеди полуфинале и пресметка со Данил Медведев за финалето на турнирот во Аделаида, како завршна подготовка пред стартот на Австралија опен за десет дена.

Ѓоковиќ осми пат во осум пресметки го победи Шаповалов, денеска со 6-3, 6-4 во меч на кој Србинот се мачеше посебно во првиот сет и тоа на свој сервис, но Канаѓанецот не успеа да ги искористи брејк можностите во првиот и петтиот гем, за на крајот да успее да го освои сервисот на противникот кој имаше 40-15 за да поведе во мечот.

Во вториот, Србинот направи брејк во третиот гем, па поведе со 3-1, но потоа го загуби својот сервис во шестиот за Шаповалов да дојде до 3-3, за во седмиот да спаси нови три брејк топки и во деветтиот да направи втор бреј во сетот за да поведе со 5-4 и на крај да триумфира на свој сервис за конечни 6-4.

Медведев до полуфинале дојде во два сета против сонародникот Хачанов со 6-3, 6-3.

Во второто полуфинале ќе играат Јошито Нишока и Себастијан Корда, откако Јапонецот Нишока со 2-1 во сетови, 7-6, 6-7, 6-2 славеше против Попирин, а Американецот Корда го победи во два сета Синер со 7-5, 6-1.