Ветрот собори кран на трговски центар во Норвешка, едно лице е повредено


Најмалку едно лице е повредено, а едно се води како исчезнато откако денес поради силниот ветер градежен кран се урна врз трговски центар во изградба во централна Норвешка, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата Ебе Кимо за весникот VG изјави дека кранот, висок најмалку 50 метри, се урнал поради ветерот во трговски центар во Мелхус, јужно од Трондхајм, третиот по големина град во Норвешка.

Уривањето на кранот предизвикало оштетување на вториот кат од трговскиот центар, а пожарникарите го проверуваат објектот за луѓе, соопшти полицијата на Твитер.