Крахот на „Саутвест“ може да ја чини авиокомпанијата до 825 милиони долари


Трошоците за падот на услугите на „Саутвест ерлајнс“ (Southwest Airlines) за време на празниците на крајот на годината може да ја чинат авиокомпанијата речиси една милијарда долари и ќе предизвикаат да пријави загуба во четвртиот квартал, се вели во известувањето на авиокомпанијата во петокот. „Саутвест“ соопшти дека трошоците за откажување на повеќе од 16.700 летови […]

Турчин со лажен зелен картон се обидел да помине граница


Вчера во во 20 часот на Граничен премин „Стар Дојран”, полициски службеници го лишиле од слобода B.M.P.(52) од Република Турција, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. -При контрола било утврдено дека на преглед приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал, информира МВР. Лицето било спроведено во полициската […]

„Гаспром“ почна нагло да го намалува снабдувањето со гас на ЕУ преку Украина


  „Гаспром“ ја започна 2023 година со нагло „затегнување на вентилот“ на гасоводот што транспортира гас во Европа преку Украина. Испораките во европските земји преку украинскиот ГТС паднаа за речиси 20 отсто во првите денови од новата година на 35,5 милиони кубни метри дневно во петокот на 6 јануари. На крајот на минатата година, „Гаспром“ […]

Макрон: Ситуацијата во здравството може да се влоши


  Проблемите во францускиот здравствен сектор, може да се продлабочат наредните години, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се соочуваме со ситуација која може да се влоши во поглед на медицинската демографија“, рече Макрон, укажувајќи на стареењето на француското население, што значи и дека голем број лекари и медицински сестри во моментот заминуваат во […]

Режисерот Никита Михалков во тешка состојба од ковид пневмонија


  Рускиот режисер и пропагандист Никита Михалков е префрлен на интензивна нега од градската болница бр.67 во Москва, каде што ден претходно бил донесен во тешка состојба, пишува телеграмскиот канал База. Според изданието, му била дијагностицирана ковид пневмонија. Во исто време, претставникот на Михалков, Ирина Мјачина, ги демантираше информациите дека тој има ковид. Прес-секретарот на […]

Бадник – предвестие за Божиќ


Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – […]

Пленковиќ: Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се подобрат, помирувањето да се заснова на вистината


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на Божиќниот прием на Српскиот национален совет (СНВ) во Загреб, изјави дека е потребно да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија и оти помирувањето мора да се заснова на факти и вистини. Пленковиќ наведе дека Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ и додаде дека ова наследство е […]

Во Украина и покрај примирјето се огласија сирените за воздушен напад


И покрај привременото примирје во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад. Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувајчи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот. Според странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина. Претседателот на Русија, Владимир Путин […]

Г.г. Стефан: Со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот


По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви, наведува поглаварот […]

(Галерија) Бадниковата поворка заврши во Соборниот храм


Во вкупно 62 градови и населени места во земјава денеска илјадници деца зачекорија во бадникови поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање. Најголемата бадникова манифестација се одржа во Скопје со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства беа пречекани со настапите на […]

Дачиќ: Наместо во омраза, Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Загреб изјави дека Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир и добри односи наместо во омраза и сите отворени прашања да се решаваат со дијалог. Дачиќ присуствува на Божиќниот прием на Српското народно собрание (СНВ) во Хрватска. На настанот присуствуваат и членови на […]

Николас Кејџ како Дракула – објавен првиот трејлер за долгоочекуваниот „Ренфилд“


Конечно е објавен трејлерот во којшто можеме да го видиме Николас Кејџ во долгоочекуваната улога на вампирот Дракула во претстојната хорор-комедија „Ренфилд“. Кејџ во филмот глуми препотентен шеф на својот долгогодишен помошник Ренфилд којшто треба да излезе од токсична врска, како што објаснува во групата за поддршка на почетокот на трејлерот. За среќа на Ренфилд, […]

Хакиран Твитер, украдени податоци од 200 милиони корисници, тврди експерт за компјутерска безбедност


  Хакери ги украле адресите на е-пошта на повеќе од 200 милиони корисници на Твитер и ги објавиле на форум за хакерство на интернет, изјави експертот за компјутерска безбедност Алон Гал. Гал рече дека оваа кражба ќе доведе до голем број напади и обиди за измама на сопствениците на тие адреси и дека ова е […]

Бајден ќе одликува 12 луѓе кои пред две години го бранеа Капитол


  Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе одликува 12 луѓе со Претседателскиот граѓански медал на церемонијата во Белата куќа по повод двегодишнината од нападот врз Капитол. Во нападот врз Капитол на 6 јануари во 2021 година, приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата во неуспешен обид да го спречат Конгресот да го […]

Вулканот Килауеа повторно активен


  Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла вулкански гасови, објави Американскиот геолошки институт (УСГС). Поради активноста на Килауеа подигнато е нивото на тревога на црвено. УСГС соопшти дека вулканскиот гас, што се состои од сулфур диоксид и други гасови, може да произведе видлива вулканска магла позната како „вог“, мешавина од вулкански гас и […]

Почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали


  Легендарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали почина на 59-годишна возраст по долго боледување како последица на рак на панкреасот, потврди денеска неговото семејство.  – Со неизмерна тага објавуваме дека Џанлука Вијали почина. Опкружен со семејството почина синоќа по петгодишна борба со болеста, соочен со храброст и достоинство. Им благодариме на многумина кои со години го поддржуваа со […]

Иран го затвори Францускиот институт во Техеран поради карикатурите на ајатолахот Хамнеи во „Шарли eбдо“


  Иранските власти вчера го затворија Францускиот институт во Техеран, откако „Шарли eбдо“ објави карикатури на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иран претходно ја предупреди Франција дека ќе реагира на објавените карикатурите, кои според Техеран се „навреда на симболите на суверенитетот и националните вредности“. Францускиот сатиричен неделник на 4 јануари објави неколку десетина карикатури на […]

Приведен разбојник на Бит Пазар еден час по извршување на делото


Вчера околу 19 часот во близина на трговски центар на подрачје на Бит пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М. – Полициските службеници реагирале по претходна пријава околу 18 часот дека едно лице со закана со нож одзело пари од вработен во објект во трговскиот центар, информира МВР. Кај […]

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“


Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор, до 35 години. Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, […]

Во 2022 година Грците први во Европа по онлајн купување од странство


 Грците се на прво место во Европа по купувања од меѓународни онлајн продавници во 2022 година, се наведува со европското истражување на „ПејПал е PayPal e-комерс индекс 2022“ (PayPal e-Commerce Index). Во 2022 година, 87 отсто од грчките потрошувачи купувале од меѓународни онлајн продавници, а како главните причини за тоа ги навеле: најдобра цена, поширок […]