Приведен разбојник на Бит Пазар еден час по извршување на делото


Фото: Б. Грданоски

Вчера околу 19 часот во близина на трговски центар на подрачје на Бит пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.

– Полициските службеници реагирале по претходна пријава околу 18 часот дека едно лице со закана со нож одзело пари од вработен во објект во трговскиот центар, информира МВР.

Кај Р.М. се пронајдени ножот и парите и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.