Турчин со лажен зелен картон се обидел да помине граница


Вчера во во 20 часот на Граничен премин „Стар Дојран”, полициски службеници го лишиле од слобода B.M.P.(52) од Република Турција, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 378 од Кривичниот законик.

-При контрола било утврдено дека на преглед приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал, информира МВР.

Лицето било спроведено во полициската станица Гевгелија и по целосно докумнетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.