Макрон: Ситуацијата во здравството може да се влоши


 

Проблемите во францускиот здравствен сектор, може да се продлабочат наредните години, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Се соочуваме со ситуација која може да се влоши во поглед на медицинската демографија“, рече Макрон, укажувајќи на стареењето на француското население, што значи и дека голем број лекари и медицински сестри во моментот заминуваат во пензија, од кои многумина без соодветна квалификувана замена.

Францускиот здравствен сектор соочен е со проблеми пред се поради недостигот на персонал, што дополнително се вложи со пандемијата од Ковид-19, кога многу здравствени работници ја напуштија професијата.

Изложувајќи ги приоритетите на својата влада за здравство, Макрон оцени дека само издвојувањето повеќе пари не е доволно за професијата да ја направи попривлечна.

Вели дека неговата влада работи на интензивирање на вработувања на медицински персонал и зголемување на соработката меѓу актерите внатре во здравствениот систем.