Во Судан уапсен најбараниот трговец со луѓе во светот


 Интерпол денеска соопшти дека во Судан е уапсен, Ертитрецот, Кидан Зекаријас Хабтемариам познат како еден од најбараните трговци со луѓе во светот. – Тој е уапсен во голема меѓународна полициска операција предводена од Обединетите Арапски Емирати, врз основа на информации споделени преку Интерпол, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ОАЕ. Хабтемариам […]

МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Битола и Струмица


 Во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденоста на воздухот бидејќи среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.   – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на […]

Пеле доби улица во Рио де Женеиро


 Една од авениите во Рио де Женеиро ќе го носи името на прославениот бразилски фудбалер Пеле, одлучија градските власти. Како што јавија локалните медиуми, дел од патот „Авенида Радиал Оесте“ (Avenida Radial Oeste), долг 1.4 километри во близина на стадионот „Маракана“ ќе го носи името Авенија на кралот Пеле(Avenida Rei Pele). Пеле почина од рак […]

Москва: Почнува 36-часовното примирје


Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божик официјално почна точно напладне по московско време, објави  руската државна телевизија. Телевизијата наведе дека „денеска напладне на целата борбена линија стапи во сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот […]

(Во живо) Во Соборна, во Скопје, почна одбележувањето на денот пред раѓањето на Исус Христос


Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје почна одбележувањето на денот пред раѓањето на Исус Христос – Бадник. Покрај бадниковата химна во изведба на Силви Бенд, беше подигнато и бадниковото знаме, а се осветуваат и бадникови гранчиња. На одбележувањето ќе бидат пречекани бадникарските кумови за 2023 година Мојсо Мојсовски и Марко Илковски јуниор со […]

Медведев: Неприфаќање на примирјето значи помалку проблеми за руските војници


  Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев со одбивањето на примирјето не ја прифаќа „раката на христијанската милост“, но и „помалку проблеми“ за руските војници. Тој истакна дека му е жал за луѓето, кои ја изгубиле можноста да одат во црква. – И свињите немаат вера, немаат вродено чувство […]

Ѓоргиевска во предбожиќна посета на Битола


Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска по повод божиќните празници во Битола ги посети Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ и Домот на доенчиња и мали деца. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, при посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, Ѓоргиевска го посети детското одделениe. Во оваа установа, таа имаше средба со нејзиниот директор д-р […]

Најголемите негативци на филмското платно во Кинотека во рамки на Кино утро 2023


  Од 12 јануари, со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, во Кинотеката и годинава ќе се одржи традиционалното Кино утро. – Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал – крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик […]

Хаос во Британија – продолжуваат штрајковите


  Најголемиот бран штрајкови во Британија во последните неколку децении, кој почна кон крајот на минатата година, може да продолжи во текот на оваа година. Причината за тоа е што ние една страна не е волна да отстапи од своите ставови, изјави вчера претседателот на британските машиновозачи АСЕЛФ Мик Велан. Велан укажа дека сега, за […]

Една фантастична  книга


  „Една книга“ од Валентин Нешовски во издание на „Или – Или“ беше единствената работа што ми ги разубави новогодишните и божикни празници кои секогаш ми предизвикуваат некаква тескоба, доброволен  „домашен самопритвор“ како признание на вината да не ја гледам парадата на бедните на која учествував долги години. Да не го гледам пак тој циркус […]

Македонските ракометари во полна сала ѝ гостуваат на Хрватска


  Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со дуел против домаќинот Хрватска го почнува настапот на меѓународниот турнир „Кроација куп 2023“ во рамки на подготовките за претстојното Светско првенство. Како што јавија хрватските медиуми, салата „Жатика“ во Пореч, која има капацитет од 3.700 седишта, е целосно распродадена за гостувањето на избраниците на селекторот Кирил Лазаров. Натпреварот […]

Лепче со паричка – на Бадник или на Василица


Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на христијаните, […]

Целосна информација за состојба на патиштата: Се вози по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Продолжи ерупцијата на вулкан на Хаваите


Ерупцијата на вулканот Килауа на Хаваите продолжи, соопшти денеска Геолошкиот завод на САД за следење на вулкаснки активности. Нивото на предупредување заради вулканот е подигнато на „црвено“, откако е проценета силата на еруоцијата и потенцијалните опасности кои произлегуваат од неа, пренесе Ројтерс. Килауа е активен вулкан на Хавајските острови. Сместен покрај југоисточниот брег на Големиот […]

Ова се најбогатите градови во светот според бројот на милионери


  Колку милионери и милијардери живеат во најбогатите градови во светот? Иако таквите показатели не се сеопфатни, овие мерења на богатството помагаат да се стави во перспектива финансиското здравје и економската активност на некои од најбогатите градови во светот. Следниот инфографик на „Вижуалкапиталист“ (VisualCapitalist) користи информации од извештајот за глобални граѓани на „Хенли“, во партнерство […]

6 јануари во историјата – Семјуел Морзе го откри телеграфот, револуционизирајќи ги комуникациите


  На 6 јануари 1838 година, телеграфскиот систем на Семјуел Морзе е демонстриран за прв пат во Железарницата „Спидвел“ во Мористаун, Њу Џерси. Телеграфот, уред кој користел електрични импулси за пренос на кодирани пораки преку жица, на крајот ја револуционизира комуникацијата на долги растојанија, достигнувајќи го врвот на својата популарност во 1920-тите и 1930-тите. Семјуел […]

Конечно, Украина добива западни тенкови


  Големите западни сили конечно одлучија да испратат оклопни возила во Украина, потег што раководството на Киев долго го бараше и за кој се надева дека ќе даде голема помош додека се бори против трупите на Владимир Путин. Сѐ започна во средата кога Емануел Макрон објави дека испраќа „лесни тенкови“ – оклопни борбени возила AMX-10 […]

Најмалку две жртви во Калифорнија во силното невреме од Пацификот


  Силното невреме во Пацификот донесе ветрови, обилни врнежи од дожд и снег, поплави и лизгање на кал низ Калифорнија втор ден по ред, оставајќи десетици илјади домови без струја и неколку жртви. Бурата беше поттикната од два феномени кои се преклопуваат – огромна струја на густа влага во воздухот што доаѓа од океанот, наречена […]

Деспотовски: Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија


  Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година – со овие бројки ја заокружуваме најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Веќе во октомври ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во […]

„Кој победи?“: Играчот од НФЛ, Дамар Хамлин, се разбуди по срцевиот удар на теренот


  Играчот на ериканскиот рагби тим Бафало Билс, Дамар Хамлин, е буден и може да комуницира со својот лекарски тим откако доживеаа срцев удар на теренот за време на натпреварот во понеделникот вечерта во Синсинати, велат неговите лекари. Двајца лекари кои се грижат за 24-годишното момче им рекоа на новинарите во четвртокот дека „покажува знаци […]