Хаос во Британија – продолжуваат штрајковите


 

Најголемиот бран штрајкови во Британија во последните неколку децении, кој почна кон крајот на минатата година, може да продолжи во текот на оваа година.

Причината за тоа е што ние една страна не е волна да отстапи од своите ставови, изјави вчера претседателот на британските машиновозачи АСЕЛФ Мик Велан.

Велан укажа дека сега, за британската влада станало тешко да го прифати бараното покачување на платата, затоа што поголеми накнади поради инфлацијата бараат вработени во поголем број сектори, но дека синдикатите нема да отстапат од оправданите барања.

Освен вработените во железницата, кои вчера прдолжија со штрајкот, и здравствените работници престанаа со работа, како и персоналот на пограничните сили и поштенските работници, барајќи зголемување на платите за да се следи инфлацијата која е 40-годишен максимум и достигна 10,7 отсто во ноември лани, потсетува Ројтерс.

Британската влада денеска ги повика синдикатите да се вратат на разговорите, но повтори дека мора да се израмни секое зголемување на платата со потребата за зауздување на инфлацијата и контролата на потрошувачката. Истовремено, синдикатот денеска најави дека прв пат во штрајк стапуваат и илјадници вработени во владината агенција за животна средина подоцна овој месец, барајќи зголемување на платата.

Најавено е дека вработените ќе стапат на штрајк на 18 јануари од 8 до 17 часот.