Конгресмен на гласање за претседател на Долниот дом дојде со бебе


 

Конгресменот Џими Гомез го доведе својот четиримесечен син на изборите за претседател на Долниот дом во Вашингтон.

Кога републиканските членови на Долниот дом не успеаја да изберат претседател, што е прв неуспех од таков вид во овој век, Гомез одлучи да дојде со своето четиримесечно бебе, Хоџ.

„Во име на сојот син Хоџ и сите реботнички семејства на кои им е потребна проширена даночна повластица за деца, го давам својот глас на Хаким Џеферис“, рече Гомез кој го носеше својот син во марама.

Освен демонстрација на праведна поделба за грижа за детето меѓу родителите, Гомез вели дека му било важно да го разбие митот дека родителството е женска работа, посебно како член на латино заедницата во која уште преовладува патријархатот.