Пожар во Градскиот трговски центар во Тетово


Пожар во Градскиот трговски центар во Тетово/Фото: Коха

Попладево избувна пожар во еден локал на третиот кат од Градскиот трговски центар во Тетово.

Се работи за локал кој е напуштен и не работи подолг период, вели за „Слободен печат“ еден сопственик на локал во трговскиот центар, но во него имало текстилни производи.

Со брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ Тетово пожарот е ставен под контрола и спречен е истиот да не се прошири кон соседните локали кои се претежно напуштени и не работаат подолго време.

Поради чадот затворени се дуќаните кои работат на првиот кат од овој трговски центар во Тетово.

Според првичните информации од терен, пожарот избувнал поради претходна употреба на пиротехнички средства.

Третиот кат на ГТЦ Тетово подолг период е напуштен без доволно осветлување, со лоша хигиена, каде вопшто не функционира куќниот совет, а ходниците се познати по локации за девијантни појави.