Како Словенците ги зауздаа цените при воведување на еврото


 

Хрватска последните денови, откако на 1 јануари еврото стана официјална валута, се соочува со бран поскапувања при искажување на цените од куни во евра, што предизвика бран реакции во јавноста и закани од владата дека ќе преземе соодветни мерки. Хрватските медиуми се повикувата и на словенечките искуства, со оглед дека овој сосед на Хрватска, поминал сличен пат при преминот од липи во евра.

Така, во последните денови Словенија често се наведува како пример дека е можно да се избегне бран на поскапувања при преминување на еврото. Клучни се покажаа годишните проекти за следење на цените и објавувањето на црните листи, па оние што ловат во темница завршија на столбот на срамот.

Поминаа 16 години откако еврото беше заменето со словенечкиот толар. Замената на валутите им го донесе и проблемот со заокружување на цените.

Здруженијата за заштита на потрошувачите тогаш играа важна улога. „Црните листи“ беа користени за борба против зголемувањето на цените, пишува ХРТ.

На т.н црни листи јавно беа објавувани сите оние кои неоправдано ги покачуваа цените на производите и услугите, а преминот кон еврото се обидоа да го искористат за да лов во матно. Контролата на цените се вршеше редовно од 2006 до 2009 година. Цените се држеле под контрола со чести инспекциски надзори. Слични списоци постојат и денес.

„Тоа го имаме и денес во време на поскапување. Нашите трговски синџири го прифатија ова и цените се менуваат. Кога сте во еврозоната, цените не можат да растат повеќе отколку во другите земји-членки, бидејќи тогаш вашата економија ја губи конкурентноста“, изјави Бојан Иванц, главен економист на Стопанската комора на Словенија.

Воведувањето на еврото беше и чекор кон зајакнување на економијата. Компанијата „Аквафил“ е еден од најголемите словенечки извозници и водечки производител на полиамидни влакна во светот.

„Водењето бизнис во една валута е поедноставно, трошоците и валутните ризици се намалени, но треба да се грижите за конкурентноста и ефикасноста, а не да се потпирате само на промена на валутата бидејќи тоа е на некој начин коцкање“, вели член на одборот на компанијата.

Шеснаесет години од воведувањето на еврото, Словенија е земја со стабилна економија. Темелите се добра инфраструктура, високообразована работна сила, а четвртина од БДП е индустриско производство. Со кредитен рејтинг АА, му сигнализира на светот дека е безбедна дестинација за инвестирање.