„Не сакаат да умрат залудно“: Цел руски баталјон од Крим одбил да се бори во Украина


  Извидувачкиот баталјон од Крим одби да се бори во Украина поради големи загуби и неподготвеност да „гине залудно“. Ова произлегува од наредбата на командантот на единицата за жестока опомена на командантот на баталјонот, пишува телеграмскиот канал АСТРА повикувајќи се на документот, а пренесува „Москва тајмс“. „Одби, бидејќи има многу големи загуби. Тие не сакаат […]

Кривична пријава за гевгеличанец за силување


Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднело кривична пријава против Д. П. (24) од Гевгелија заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информираа денеска од СВР Струмица. Имено, на 19 овој месец во викенд куќа во гевгелиско село, пријавениот физички нападнал 24-годишна девојка од Гевгелија, по што со закана со остар предмет извршил […]

Следната година уште потешка за автомобилската индустрија, велат познавачи


  Финансискиот директор на „Фолксваген“ смета дека 2023 година ќе биде „уште попредизвикувачка“ година за автомобилската индустрија од оваа, пред сѐ поради инфлацијата и влошените економски прогнози коишто ќе влијаат на падот на побарувачката за нови автомобили. Сепак, ова најверојатно значи дека и цените ќе бидат пониски. Арно Анлиц, главен финансиски директор на групацијата нагласи […]

Трка за тутун: Најмногу се откупува во прва класа


  Откупот на тутунот е при крај и веќе се откупуваат последните килограми произведен тутун. Годинешната реколта се откупува во 200 откупни пунктови на целата територија на државата преку 10 регистрирани откупни претпријатија. Според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова година, пишува „Агротим“. „Најголем дел од откупот е завршен […]

Конференција: Потребни се системски решенија за справување со глобалната криза со енергија и храна


  Проблемот со енергетската криза не може да се реши преку ноќ, потребни се системски решенија, оцени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за клучните мерки што ги презема Северна Македонија во услови на текованата економскао-енергетска криза. -Проблемите треба системски да се решаваат. Ако системски не се решаваат, проблемите се зголемуваат. Пример, сме зборувале за […]

Руското МО бара зголемување на бројот на војници од еден на 1,5 милиони


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предложи зголемување на бројот на војници во руската армија, од сегашните еден милион на 1,5 милиони во услови на борби во Украина. Тој, исто така, најави зголемување на старосната граница за воена служба. – Неопходно е да се зголеми бројот на вооружени војници на 1,5 милиони војници, вклучително […]

Бектеши: Оние што без дозвола преминуваат на регулираниот пазар на струја го прават на штета на домаќинствата


  Не може да се направат дополнителни трошоци на регулиран пазар од каде со електрична енергија се снабдуваат домаќинствата од компании, кои прават профит или компании кои не заслужуваат или, пак, не се предвидени со Законот за енергетика да бидат на регулиран пазар, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Ако одредени потрошувачи, како […]

Нова детска градинка во Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца


Денес во Oпштина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новоизградениот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“. На настанот свое присуство и обраќање имаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорката на градинката, Александра Јелиќ – Исаиловска. Станува збор за објект кој се наоѓа во […]

Дел од „Рузвелтова“ и „Партизанска“ утре без вода


Поради изведување на водоводен прикличок ф-100 мм на улица „Франклин Рузвелт“ 18, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот „Партизански Одреди“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па до завршување со работните активности.

Скопска православна епархија: Не е донесена одлука да нема погребенија на одредени верски празници


Скопската православна епархија при МПЦ – ОА денеска ги демантира информациите дека била донесена одлука да нема погребенија на Свети Никола, првиот ден на Божик и  Велигден, како и на задушница, иако, како што велат оттаму, за тоа се разговарало.   -По повод настаните од 19.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува споменот на […]

Македонските населби во мрак – партиите се надвикуваат чии градоначалници се понеспособни


  Градовите и селата низ Македонија и некои населби во Скопје, тонат во мрак. По препораката од Владата дека треба да се штеди струја, па светеа преку една улична канделабра, бројни граѓани на социјалните мрежи се жалаат дека небезбедно е да се движиш по улица навечер, затоа што само ѕвездите на небото ти го осветлуваат […]

Божик дојде порано: Украинската црква дозволи прослава за прв пат на 25 декември


  Украинските православни верници отсекогаш го прославувале Божик на 7 јануари – но тоа ќе се промени за многумина оваа година, со тоа што Православната црква на Украина (ПЦУ) за прв пат им дозволи на своите конгрегации да го прослават на 25 декември. Овој потег создава линија на поделба со Русија, која слави на 7 […]

Зошто раздразливите олигарси владејат со нашиот свет?


Пред неколку години – мислам дека беше 2015 година – добив брза лекција за тоа колку е лесно да се стане ужасна личност. Бев истакнат говорник на една конференција во Сао Паоло, Бразил, и мојот лет за пристигнување беше многу одложен. Организаторите, загрижени дека ќе го пропуштам мојот слот благодарение на озлогласениот сообраќај во градот, […]

Попис 2021: Аеродром со најмногу жители и најмладо население, 205 села се празни


  Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, во земјава има вкупно 1.781 населени места, а 205 се празни села, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Во главниот град Скопје живеат 526.502 жители, има 171.171 домаќинство и 213.850 станови. „Населено место со најголем број на жители е скопски Аеродром […]

Дали знаете кои се предностите на нискокалоричните засладувачи?


Нискокалоричните засладувачи обично се користат како адитиви за храна и пијалоци за да се постигне посакуваното ниво на сладост со многу мал или апсолутно никаков внес на калории. Имаат многу поголема моќ на засладување во споредба со белиот шеќер, што значи дека се стотици пати послатки, поради што се користат во многу мали количини. Замената […]

Ковачевски: Грковска е независна во својата работа


  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, е независна во своето работење, бидејќи таа е на позиција од која што се грижи практично за координација на повеќе аспекти – од владеење на право, дигитализација, унапредување на процесите, пружање на подобри услуги на граѓаните и унапредување на работата на инспекциските органи и нејзината […]

Досега запленети 100.000 парчиња пиротехника


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по денешната работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионален центар за гранични работи Север, одговарајќи на новинарско прашање за количество на запленети пиротехнички средства истакна дека МВР заедно со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија спроведуваат превентивна кампања за злоупотреба на пиротехнички средства. Во однос на […]

Медиумските капацитети се тенчат, во сите радија и телевизии вработени 2.449 лица


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа четвртиот јавен состанок на којшто беа презентирани спроведените активности согласно Годишната програма за работа на Агенцијата и структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2021 година. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше годишните активности, при што посочи дека се реализирани редовни програмски и […]

Довербата во судството не оди надолу, барем според анкетата на ИРИ


  Откако поранешната американска амбасадорка, Кејт Брнз, во март годинава, повикувајќи се на анкета направена од Институтот „Евротинк“ рече дека довербата на граѓаните во судството е 8 отсто, тој податок стана алфа и омега во објаснувањето на состојбите во оваа сфера. Тој податок беше од стандардното истражување на „Евротинк“ наречено Еврометар кое беше презентирано во […]

Македонски концепт ја промовираше партиската доктрина за „прогресивен патриотизам“


Политичката партија Македонски Концепт вчера, на Меѓународниот ден на човечката солидарност, ја промовираше партиската доктрина, клучен стратешки документ на партијата кој  ја одредува партиската идеологија и истиот ќе биде рамка за следните изборни програми. Со овој документ Македонски Концепт се декларираше како прогресивна десница, а за своја официјална идеологија – прогресивниот патриотизам. На промоцијата свое […]