ЕУ: Двовалентни вакцини против Ковид ќе може да користат и невакцинирани лица


  Европската агенција за лекови денеска соопшти дека нејзината работна група за итни случаи заклучила дека двовалентната РНК вакцина против Ковид може да ја користат невакцинирани деца и возрасни. Регулаторот наведува дека овие вакцини се однесуваат на оригиналниот сој, како и на подваријантите Омикрон БA.4 и БA.5. Вакцините од компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна моментално […]

СП2022: Прво големо изненадување во осминафиналето, Мароко ја елиминира Шпанија 


ОАЕ– Мароко ја приреди првата сензација во нокаут фазата на Светското првенство, совладувајќи ја вечерва репрезентацијата на Шпанија на пенали со 3-0, откако осминафиналниот дуел во Ал Рајан заврши без голови по 120  минути игра.  Мароканскиот херој беше голманот Боно кој во серијата пенали ги одбрани сите удари од белата точка на Шпанија. Непрецизни во шпанскиот состав […]

Кинески хакери украле милиони долари во САД наменети за справување со епидемијата на коронавирусот


САД– Кинески хакери од 2020 година украле десетици милиони долари американска помош наменета за надминување на пандемијата на Ковид-19, соопшти американската Тајна служба. Тајната служба го потврди извештајот објавен на „Ен-Би-Си“ дека кинеска хакерска група позната во безбедносната заедница како „APT41“ или „Winnti“ е одговорна за кражбата. „APT41“ е многу успешна кибер-криминална група која со […]

Свечено отворен Јуниорскиот Евросонг – Лара, Јован и Ирина подготвени за настап


Во Ереван, Ерменија, се одржа свеченото отворање на Јуниорскиот Евросонг 2022 и е утврден редоследот за настап. Јубилејното 20-то издание ќе го отвори претставничката на Холандија, а ќе го затворат Ерменија и Украина. Нашите претставници ќе настапат десетти. Нашите претставници Лара, Јован и Ирина и танчарките Александра и Мила, а во придружба на одговорниот уредник […]

ЕИБ вети помош за Западен Балкан поради војната во Украина


  Потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова денеска на самитот ЕУ-ЗБ во Тирана вети помош на банката за решавање на итните краткорочни потреби на регионот што произлегуваат од руската војна во Украина. Таа поддршка ќе се материјализира преку нови проекти кои ЕИБ Глобал планира да ги финансира во регионот, за воведување чиста енергија, […]

Рама: Ќе бидеме лојални на ЕУ дури и ако исчезне


  Албанскиот ремиер Еди Рама, на прес конференцијата по самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, го поврза одржувањето на самитот во Тирана со фактот дека , според Евробарометар, Албанците се нај про-ЕУ нација во Европа.   „Ние ќе ѝ бидеме лојални на ЕУ, дури и ако исчезне. И тогаш ќе се бориме за неа“, […]

Завршува чистењето на линданот од Охис со УНИДО, продолжува со УНОПС


Mинистерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи денеска го одржаа завршниот настан од проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со изомери на линданот во ОХИС“. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Насер Нуредини, […]

Кина: Еден позитивен на корона, цел универзитет во локдаун


  Студентите на универзитет во источна Кина одржаа протести против заклучувањето поради корона, додека многумина во земјата остануваат под некаква форма на ограничувања и покрај владините чекори за олеснување на нејзината политика за нултаковид. Видеата објавени на Твитер во вторник покажуваат голем број студенти кои протестираа на Техничкиот универзитет Нанџинг во понеделникот вечерта, бидејќи беа […]

СП2022: Моријасу останува јапонски селектор до 2024


Јапонија– Поразот на Јапонија од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство во Катар нема да влијае врз судбината на Хајиме Моријасу на селекторската клупа и тој ќе продолжи да ја предводи јапонската репрезентација, јавија денеска локалните медиуми. Според истите извори, 54-годишниот Моријасу ќе ја продолжи соработката со Фудбалската федерација на Јапонија најмалку до 2024 година. Јапонското фудбалско раководство е […]

Се огласи Арсовска: Јавен повик утре, но само за линиите 20 и 22, и редица прашања за Мицкоски


  По повеќедневни блокади на сообраќајниците во Скопје од страна на приватните превозници, кои си ги бараат парите, а кои наводно им ги должи Градот, денеска се огласија од Град Скопје и тоа со информација дека оспособиле дополнителни 140 автобуси за ЈСП и дека утре ќе објават јавен повик за превозници за линиите 20 и […]

Отфрлени уште два амандмани за Предлог-буџетот за 2023


  Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година во рамки на која не беа усвоени два амандмани поднесени од опозицијата. Со едниот се бараше да се набават 50 противпожарни возила, а со другиот да се одвојат од буџетот средства во висина од 860 милиони денари за […]

Радев ја спушти топката, сега се надева на Шенген за Бугарија следната година


  Прво велеше дека наприфаќањето на Бугарија во шенген зоната е „цинизам“ од некои држави на ЕУ, а денеска претседателот  Румен радев изјави дека влегувањето идната година „во голема мерка зависи од нас“. Оваа изјава радев ја даде за бугарските новинари во Тирана, на Самитот ЕУ-Западен Балкан откако стана јацно дека нема ништо од бугарските […]

Јовановски: Нема никаква реакција од Градот, блокадите ќе продолжат


Скопје и утре ќе биде потполно блокирано, со чудни рути на автобусите, со нервозни возачи и извисени граѓани. „Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна и засега блокадите ќе останат“, вели директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. – Се чекаше известување од Градот за да видат […]

Српските медиуми јавуваат за детонации во Косовска Митровица


Во северниот дел на Косовска Митровица попладнево одекнале пет детонации, јави српскиот весник „Блиц“. Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата „Колашинска“ каде што порано била канцеларијата на изборната комисија. Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу […]

Царината ги зајакнува контролите со два мобилни скенерa, донација од Германската царина


  Царинската управа (ЦУ) ќе се зајакне со уште два подвижни мини скенерa на стока и мал багаж, донација од Царината на Сојузна Република Германија. Тоа, како што велат од ЦУ, ќе придонесе за зајакнување на капацитетите за вршење контрола и сузбивање на криумчарење на разна стока, опојни дроги и прекурзори, како и за подобрување […]

Северина : По што ќе ја памети 2022, а што очекува во 2023?


Таа влезе во нашите животи со песната „Твојата прва девојка“ и остана таму повеќе од 30 години, до денес. Со неа созреавме, се радувавме и плачевме затоа што моќта на нејзината музика се крие во искрените емоции и ги надминува генерациите. Како камелеон, Северина се адаптира, но и му пркоси на времето, но едно е […]

ЕСМ: Училиштата и водостопанствата до 20 декември можат да се пријават за субвенционирана струја


  Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ се пријавиле 309 училишта со вкупно 869 броила и тие од 1 декември веќе се снабдуваат со струја по цена од 95 евра за мегават час. Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија […]

Бугарите од Македонија бараат од Уставниот да го укине законот за здруженијата


  Здружението за македонско-бугарско пријателство од Скопје денеска поднесе претставка до Уставниот суд на Македонија со барање за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации за неуставен, објави Бгнес. Според здружението, законот е во спротивност со чл. 8, точка 1, ст. 3 и чл. 20, чл. 51, чл. 52 […]

ТЕЦ „Неготино“ е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија


  ТЕЦ „Неготино“ е синхронизиран на мрежа во 12:20 часот и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90 мегавати по котел, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). -Во моментов произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет […]

Виктор Фридман, лингвист и македонист од Универзитетот во Чикаго, добитник на Светската награда за хуманизам


Виктор Фридман, лингвист, славист и македонист, професор на Универзитетот од Чикаго е добитник на Светската награда за хуманизам за 2023 година што Охридската академија на хуманизмот ја доделува во чест на Свети Климент Охридски. Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август 2023 годнина, на празникот „Летен Свети Климент“, кога треба […]