Бугарите од Македонија бараат од Уставниот да го укине законот за здруженијата


Клубот на Бугарите од Битола (Фото: А. Блажевска)

 

Здружението за македонско-бугарско пријателство од Скопје денеска поднесе претставка до Уставниот суд на Македонија со барање за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации за неуставен, објави Бгнес.

Според здружението, законот е во спротивност со чл. 8, точка 1, ст. 3 и чл. 20, чл. 51, чл. 52 и дел 54 од Уставот на Македонија.

Според здружението, овие измени имаат ретроактивно дејство и создаваат правна несигурност, што било во спротивност со уставното начело на правото и забраната за ретроактивно дејство на законите.

Со овој закон, велат подносителите на оницијативата, се ограничува правото на здружување на граѓаните, кое е загарантирано со Уставот.