Северина : По што ќе ја памети 2022, а што очекува во 2023?


Таа влезе во нашите животи со песната „Твојата прва девојка“ и остана таму повеќе од 30 години, до денес. Со неа созреавме, се радувавме и плачевме затоа што моќта на нејзината музика се крие во искрените емоции и ги надминува генерациите. Како камелеон, Северина се адаптира, но и му пркоси на времето, но едно е постојано – таа останува на самиот врв. Најголемата музичка ѕвезда во регионот редовно го користи својот глас за важни прашања на нашето време, особено оние кои се однесуваат на жените и еднаквоста. Токму поради ова, Северина е инспирација и дефинитивно жена на која и се восхитуваме.

Актуелна е со новиот сингл наречен „Верувам во Бог“, потпишан од Филип Милетиќ, продуцент, композитор и аранжер и Дино Мерлин, автор на стиховите. Дарко Дриновац го режира спотот кој ќе биде објавен на Јутјуб во четврток, 8 декември, точно напладне, истовремено со објавувањето на песната на сите други дигитални платформи на Северина.

Линк до целиот текст тука