Радев ја спушти топката, сега се надева на Шенген за Бугарија следната година

Бугарскиот претседател сега вели дека мора да се направат судски регформи во државата


 

Прво велеше дека наприфаќањето на Бугарија во шенген зоната е „цинизам“ од некои држави на ЕУ, а денеска претседателот  Румен радев изјави дека влегувањето идната година „во голема мерка зависи од нас“.

Оваа изјава радев ја даде за бугарските новинари во Тирана, на Самитот ЕУ-Западен Балкан откако стана јацно дека нема ништо од бугарските желби по изјавата на австрискиот канцелар Карл Нехамер дека Виена останува на својата негативна оценка.

Холандскиот премиер Марк Руте објави дека е оптимист за ваквиот развој на настаните во 2023 година, поврзувајќи го процесот со судските реформи и борбата против корупцијата.

Претседателот Румен Радев, од своја страна, истакна дека „ги имаме сите шанси Бугарија да влезе во Шенген следната година, но тоа во голема мера зависи од нас“.

Пред неколку дена Радев го дефинираше како „цинизам“ неприфаќањето на Бугарија во Шенген, а сега зборува за неспроведената судска реформа во државата.

Следната година Бугарија може да направи чекори напред на патот кон Шенген, истакна холандскиот премиер Марк Руте.

„Во оваа фаза не е ‘не’ за Бугарија, тоа е ‘сè уште не’. Ќе биде потребно повеќе време од две причини: нова проценка на механизмот за соработка и верификација и механизмот за верификација на Шенген. Разговарав со претседателот Румен Радев и јас сум оптимист дека следната година можеме да направиме чекори напред“, рече Руте во Тирана, цитиран од БНР.

Холандија одлучи да ги прими Хрватска и Романија за членство во зоната за слободно патување, но не и Бугарија. Против пристапувањето на Бугарија и Романија е Австрија, а одлуката бара целосен консензус од сите земји-членки.

„Продолжуваме да работиме на сите нивоа на дипломатијата, но мораме да ја работиме нашата работа и во Бугарија. Затоа, мојот апел до сите политички партии е: оваа тема да не се политизира, да не се користи за лична расправија меѓу партиски лидери“, рече Радев.

Според неговите зборови, собранието мора да ги усвои законите според Планот за закрепнување и одржливост, кои се однесуваат на судските реформи.

Во врска со видео материјалот и фотографиите на повеќе меѓународни медиуми, на кои се тврди дека бугарските власти кои ја чуваат границата пукале во бегалците, од кои еден е ранет, Румен Радев коментира дека се води темелна истрага за случајот.

Романскиот претседател Клаус Јоханис во Тирана изјави дека Романија ќе преговара до последен момент. Ова е и бугарската позиција, но засега нема сигнали дека е можен пробив.