Аргентинската потпретседателка Кирхнер осудена на шест години затвор


  Аргентинскиот суд вчера ја осуди потпретседателката Кристина Фернандез де Кирхнер на шест години затвор и ја лиши од вршење јавна функција, иако има имунитет како јавен функционер. Таа е обвинета за корупција при доделување на јавни работи додека ја извршуваше претседателската функција. Кирхнер нема веднаш да оди во затвор и се очекува да се […]

Американски судија се откажа од кривично гонење на саудискиот престолонаследник Бин Салман во „случајот Кашоги“


  Американски судија вчера ја отфрли тужбата поднесена во САД против престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, поради убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги. Не навлегувајќи во суштината на предметот, судијата Џон Бејтс соопшти дека е обврзан со неодамна искажаниот став на американската Влада, според кој престолонаследникот ужива имунитет од гонење, како шеф на влада […]

Денеска е четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


    За денеска во Основниот суд во Тетово е закажан четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица. Судијата Јордан Велковски на 8 ноември судењето го одложи за 7 декември […]

Демократот Ворнок победи на изборите во Џорџија


  Со победата на Рафаел Ворнок на вчерашните избори во Џорџија зголемено е мнозинството на Демократската партија во американскиот Сенат. Противкандидат во вториот круг на меѓуизборите на Ворнок беше Хершел Вокер. Во првиот круг одржан во ноември ниту еден не доби повеќе од 50 отсто од гласовите. Со победата на Ворнок не е нарушена рамнотежата […]

Министерството за правда на САД повикано да оформи кривичен предмет за настаните од 6 јануари во Капитол


  Претседавачот со комисијата на Претставничкиот дом, која го истражува нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, изјави дека комисијата одлучила да испрати препорака до Министерството за правда за формулирање кривичен предмет. Бени Томпсон, претседател на Комисијата, го потврди ова вчера на прашање од новинар, но не прецизираше кому, кога и за што би […]

Продолжува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023


Во Собранието денеска продолжува амандмантската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година. Согласно проекциите во Предлог-буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на […]

Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје


  Во Музеј на Град Скопје денеска ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). – Делата на Владимир Георгиевски ќе бидат поставени во целиот расположив галериски простор на Музејот. Изложбата се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, […]

Македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда и понатаму“


  Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денеска ќе се одржи Бизнис форум во Скопје. Форумот, како што соопшти МНР, се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година […]

Одбележување на патрониот и државен празник во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје


  Во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска со пригодна свеченост ќе биде прославен патрониот и државен празник Свети Климент Охридски и ќе се одбележи 50-годишнината од пуштањето во употреба на објектот на библиотеката, проектантско дело на еминентниот македонски архитект Петар Муличкоски. – Прославата ќе започне со изведба на државната химна од страна на […]

Доделување на наградата „Европска личност на годината“


  Свечено доделување на наградата „Европска личност на годината“ што оваа година Европското движење ја доделува на спортистката Оливера Наковска Бикова ќе се одржи денеска во Битола. Наградата ќе биде доделена со пригодна дебата на тема „Спортот во македонското општество: Имаме ли соодветен пристап кон спортот и физичката култура?“. Покрај Оливера Наковска Бикова, на свеченоста […]

Семејната компанија на Трамп прогласена за виновна за проневера и даночна измама пред судот во Менхетен


  Семејната компанија на Доналд Трамп „Организацијата Трамп“ (Trump Organization), вчера од судот во Менхетен, во Њујорк, беше прогласена за виновна за проневера и даночна измама, по судењето што не го вклучи и поранешниот републикански претседател, јавија американските медиуми. -Ова е првпат семејна комапнија, во која се вклучени клубови за голф, луксузни хотели и агенции […]

Свечена академија по повод државниот празник Св. Климент Охридски


Свечена академија по повод државниот празник Св. Климент Охридски ќе се одржи денеска во Музејотна македонската борба во Скопје. Свечената академија ја организиираат Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Времен сообраќаен режим поради асфалтирање на улицата „Тодор Александров“


  Од ЈП „Улици и патишта“ соопштија дека поради асфалтирање на улицата „Тодор Александров“ и изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим од 12 до 16 часот. Ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) до Турската амбасада, а во четврток на потегот од […]

Променливо облачно со слаб до умерен ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, а наутро на места ќе има појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето […]

Трет ден блокади на приватните автобуски превозници, Град Скопје со нов јавен повик за линиите со број 20 и 22


    Приватните автобуски превозници веќе трет ден по ред продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Градските власти, […]

СП2022: Португалија убедлива против Швајцарија, завери четвртфинале против Мароко


  Во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал Португалија вечерва во Лусаил убедливо ја совлада Швајцарија со 6-1 (2-0), предводена од тројниот стрелец Гонсало Рамос. Португалија, во чиј почетен состав немаше место за Кристијано Роналдо, поведе преку Рамос во 17 минута, а до крајот на полувремето Пепе во 33 минута зголеми на 2-0. […]

Масовен протест во Атина за годишнината од убиството на 15 годишно момче, инциденти во Солун


  Масовен протест се одржа вечерва во центарот на Атина за годишнината од убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос во 2008 година, кој беше застрелан од полицаец, додека пак во Солун имаше инциденти меѓу дел од демонстрантите и полицијата, јави дописничката на МИА од Атина. Додека маршираа низ улиците во центарот на Атина демонстрантите извикуваа слогани […]

Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува РСМ


  Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер вечерва истакна дека е збунувачки процесот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потенцирајќи дека корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува Северна Македонија. – Го гледав како збунувачки кога се случи и се уште го гледам така. […]

Светска банка: Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра


  Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми. – Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и Владата на Украина, колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи […]

СП2022: Ван Гал – Не сум импресиониран од Бразилците


  Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, изјави денеска оти не го импресионирала играта на Бразил во осминафиналниот дуел против Јужна Кореја (4-1) на Светското првенство во Катар. Бразил обезбеди пласман во четвртфиналето со убедлива победа над Јужна Кореја во натпревар во кој веќе по првото полувреме имаше предност од четири голови. […]