Вооружен напад утрово во Топанско поле, запалени банкомати во Трговскиот центар


Вооружен напад се случил рано утринава пред 6 часот во трговскиот центар во населбата Топанско Поле, објави Телма . Неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР. Неколку лица со […]

Осминафиналето на СП 2022 најефикасно во историјата на Мундијалите


ОАЕ – На осум натпревари од осминафиналната фаза на Светското првенствои 2022 во Катар беа постигнати 28 голови. Ова е рекорд во оваа фаза во историјата на фудбалските Мундијали откако беше воведен во 1986 година. Најефикасен натпревар во 1/8 финалето на СП 2022 беше синоќешниот меѓу Португалија и Швајцарија (6:1), на кој беа постигнати седум гола. […]

Војник на Бундесверот осомничен во серијата рации против десничарските екстремисти


Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба, пренесе ДПА. Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во […]

Протестите во Кина успеаја, се намалуваат мерките против Ковид-19


Кина дозволи асимптоматските случаи на инфекција со Ковид-19 и оние со благи симптоми да се лекуваат во карантин дома, објави денеска кинеската Национална здравствена администрација (НХЦ). Во соопштението се додава дека доколку е потребно, пациентите итно ќе бидат хоспитализирани. Кинеските власти продолжија да ги олеснуваат мерките против коронавирусот, по минатомесечните демонстрации против политиката на „нулта толеранција кон Ковид“. Претходно, […]

„Ако умрам, ил загинам“ на Јонче Христовски на новиот албум на Црвена јабука


Новиот студиски албум „Нека нова јутра“ на Црвена јабука конечно е пред фановите. Најавен со насловната песна и спот, овој албум го разбуди медиумскиот интерес на целиот регион. И овој албум, како и дузина претходни на Црвена јабука, е во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Автор на повеќето песни е […]

Пакистанската провинција Пенџаб воведе еколошка вонредна состојба


 Пакистанска провинција денеска воведе вонредна екол ошка состојба, откако вториот по големина град во земјата беше рангиран како најзагаден град во светот поради опасното ниво на смог. Сите јавни и приватни училишта ќе останат затворени во петок, сабота и недела поради опасното ниво на загадување, се вели во известувањето издадено од владата на Пенџаб. Дополнително, […]

Германија уапси 25 десничарски екстремисти – планирале пуч


Дваесет и пет десничарски екстремисти од таканареченото „Граѓанско движење на Рајхот“ се уапсени во Германија, изјави денеска портпаролот на федералното обвинителство, пренесе ДПА. Според германските медиуми, тие планирале државен пуч. -Полицајците спроведуваат рации во 11 од 16-те сојузни покраини во Германија, како дел од големата операција против екстремистите, додаде портпаролот. Членовите на движењето не го […]

7 декември во историјата – Јапонија го бомбардираше Перл Харбор


  Во 7,55 часот по локално време на Хаваи, јапонски бомбардер кој на крилјата го носи црвениот симбол на Изгрејсонцето на Јапонија се појавува од облаците над островот Оаху. Следеше рој од 360 јапонски воени авиони, кои се спуштаа на американската поморска база во Перл Харбор во жесток напад. Ненадејниот напад нанесе критичен удар врз […]

Француското обвинителство бара од две до 15 години затвор за вмешаните во нападот во Ница


Француското Обвинителство побара затворски казни од две до 15 години за осуммина обвинети за нападот на 14 јули 2016 година во Ница, при што загинаа 86 луѓе. Државното обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) побара 15 години затвор за тројцата главни обвинети кои се гонат за „терористичко злосторничко здружување“. Судот да не ја задржи квалификацијата […]

Повторно земјотрес од 3 степени според Рихтер кај Петриња


  Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтер, ноќеска ја потресе областа кај Петриња, Хрватска. Според Сеизмолошката служба на Хрватска, земјотресот се случил во 2 часот и три минути, а епицентарот му е кај Глинска Полјана, 11 километри југозападно од Петриња. „Магнитудата на земјотресот изнесуваше 3 степени според Рихтер, а интензитетот во епиценаторт е […]

(Видео) Македонско – бугарски бизнис форум „До една милијарда и понатаму”


Проследете го Македонско – бугарскиот бизнис форум во Скопје кој се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму”, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји. Форумот е под покровителство на министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Николај Милков. На форумот активно […]

„Мета“ се закани дека ќе ги отстрани вестите од платформата на Фејсбук


Компанијата-мајка на Фејсбук, Мета, најави дека ќе биде „принудена да размисли“ за отстранување на новинарската содржина од нејзината платформа доколку Конгресот на САД усвои закон со кој се бара од технолошките компании да им плаќаат на медиумите за нивните прилози. Доколку се донесе Законот за конкуренција и заштита на новинарството, тој ќе им овозможи на […]

Зошто нема ништо ново на рускиот фронт во Западен Балкан?


Руската инвазија на Украина значително го прошири опсегот на надворешно-политички инструменти кои Кремљ ги смета за прифатливи за употреба. Со оглед на тоа што руската армија ги бомбардира украинските градови до урнатини и намерно ги остава луѓето без греење и електрична енергија на ниски температури, тешко може да се очекува од Москва да покаже хуманост […]

РЕС е најсигурната компанија за снабдување со електрична енергија на стопанството


  Снабдувачот со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply) располага со сопствено производство на електрична енергија во Северна Македонија и во Бугарија. РЕС работи со квалитетен и стручен кадар и поседува најдобар софтвер за балансирање, што дополнително овозможува намалување на трошоците на работа. Поради тоа, РЕС може да им понуди на фирмите убедливо најниски цени […]

Вал: Реформите никаде во светот не се безболен процес, потребно е политичко единство за нивно завршување


  Политичко единство, жар, одлучност и цврстина се потребни за завршување на реформските процеси во Северна Македонија, порача во интервју за МИА новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал. Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ истакна дека изминатите години Северна Македонија остварила значаен напредок кон постигнување на своите национални стратешки цели. Тој со […]

Претседателот Пендаровски во посета на Белгија


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија, соопшти неговиот кабинет. Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе имаат средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент. […]

Н1: Сакавме да покажеме каква темница може да завладее во Србија доколку Н1 и Нова С не емитуваат програма


  Независната телевизија Н1 денеска излезе со соопштение дека со 24-часовното неемитување програма сакала да укаже на тоа „каква темница може да владее доколку ТВ Н1 и Нова С не емитуваат програма.“ „Сакавме да создадеме реална слика како би изгледала информирањето доколку граѓаните на Србија имаат само една верзија за настаните, само еден – владејачки […]

„Азбука за непослушните” на Венко Андоновски по втор пат објавена на руски jазик


„Азбука за непослушните” на Венко Андоновски по втор пат се објавува на руски jазик, но овоj пат придружена е со изворниот македонски текст. Во годината на своето 100-годишно постоење Серуската државна библиотека за странска литература „Рудомино” го почна долгорочниот проект „Светска билингвална библиотека на современата литература”. При избор на делата за објавување во оваа едициjа […]

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ во Ростуше


  Во Домот на културата во Ростуше денеска ќе боде отворена патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 12 декември, а претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена […]

Гутереш: Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ на планетата


  Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ и време е да ставиме крај на нашата „војна против природата“, порача генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на свеченото отворање на КОП15 за биодиверзитетот. „Со нашиот незаситен апетит за неконтролиран и нееднаков економски раст, човештвото стана оружје за масовно уништување“ на планетата, предупреди тој на почетокот на […]