(Видео) Македонско – бугарски бизнис форум „До една милијарда и понатаму”


Проследете го Македонско – бугарскиот бизнис форум во Скопје кој се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму”, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.

Форумот е под покровителство на министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Николај Милков.

На форумот активно ќе учествуваат  над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Северна Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори.