Осминафиналето на СП 2022 најефикасно во историјата на Мундијалите


ОАЕ – На осум натпревари од осминафиналната фаза на Светското првенствои 2022 во Катар беа постигнати 28 голови.

Ова е рекорд во оваа фаза во историјата на фудбалските Мундијали откако беше воведен во 1986 година.

Најефикасен натпревар во 1/8 финалето на СП 2022 беше синоќешниот меѓу Португалија и Швајцарија (6:1), на кој беа постигнати седум гола.

Четвртфиналната фаза ќе почне в петок. Двојки за четвртфиналето:
Хрватска – Бразил (9 декември)
Холандија – Аргентина (9 декември)
Мароко – Португалија (10 декември)
Англија – Франција (10 декември).