Повторно земјотрес од 3 степени според Рихтер кај Петриња


 

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтер, ноќеска ја потресе областа кај Петриња, Хрватска.

Според Сеизмолошката служба на Хрватска, земјотресот се случил во 2 часот и три минути, а епицентарот му е кај Глинска Полјана, 11 километри југозападно од Петриња.

„Магнитудата на земјотресот изнесуваше 3 степени според Рихтер, а интензитетот во епиценаторт е проценет на III-IV степен според ЕМС скалата“, јавија од Сеизмолошката служба на Хрватска.

Овој регион постојано го тресат земјотресите последните две години. Во земјотресот ден пред Нова година во 2020 година, загина тинејџерка. Многу објекти, куќи и згради беа тешко оштетени. Дел од ќителите сѐ уште ќивеат во привремени контејнери и бараки, додека чекаат да ми се обноват куќите.