Свечено отворен Јуниорскиот Евросонг – Лара, Јован и Ирина подготвени за настап

Нашите претставници Лара, Јован и Ирина и танчарките Александра и Мила, а во придружба на одговорниот уредник на МРТ5, Дијана Гогова продефилираа на црвениот тепих и беа поздравени со голем аплауз од многубројната публика...


Во Ереван, Ерменија, се одржа свеченото отворање на Јуниорскиот Евросонг 2022 и е утврден редоследот за настап. Јубилејното 20-то издание ќе го отвори претставничката на Холандија, а ќе го затворат Ерменија и Украина. Нашите претставници ќе настапат десетти.

Нашите претставници Лара, Јован и Ирина и танчарките Александра и Мила, а во придружба на одговорниот уредник на МРТ5, Дијана Гогова продефилираа на црвениот тепих и беа поздравени со голем аплауз од многубројната публика.

Шефот на делегацијата, Раде Спасовски изјави дека тимот е подготвен за денешната прва проба и за целиот предизвик кој со себе го носи еден ваков голем настан.

Лара, Јован и Ирина со нетрпение чекаат да застанат на големата евровизиска сцена и да ја претстават Македонија во најдобро светло. 

Лара, Јован и Ирина на сцената в недела, ќе настапат со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.

Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија. (МРТ)