Биг Бен не заѕвони за националната минута молк, отворена истрага


Портпаролот на британскиот Парламент синоќа изјави дека е покрената истрага поради тоа што Биг Бен не ѕвонеше, како што било планирано – на почетокот и крајот на едноминутното национално молчење во чест на починатата кралица Елизабета Втора. – Ова го истражуваме како итна работа, но убедени сме дека тоа нема да влијае на биењето на […]

Балтичките земји и Полска го забранија влезот на руски државјани


Балтичките земји и Полска денеска им забранија на руските државјани да влезат на нивна територија, пренесува ДПА.   Сите четири земји сега веќе не дозволуваат влез на руски државјани со шенген визи заради туризам, работа, спорт или култура.   Тие дозволуваат исклучоци за оние кои веќе имаат престој во европските земји, за политички дисиденти и […]

Цела Барселона ишарана со рускиот знак „Z“ (Видео)


  Туристи или  луѓе што привремено или постојано живеат во градот, но барселона, Шпанија, осамна речиси цела ишарана со знакот на руската инвазија на Украина – „Z“. Го има насекаде: по улиците, на скалите, на продавниците, па дури и на ѕидовите на катедралите.  Ова е руски отпор со графити против западната поддршка на Украина во […]

Во Тајван регистриран нов земјотрес со јачина од 5,6 степени


  Нов земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил два километри под површината на земјата. Тајван се справува со афтершокови по двата силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот беше вчера. Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала вчера го […]

Додека се бара ЕУ да ја мобилизира сета расположлива енергија, гневот кон Германија расте


  Непредвидлива енергетска криза се заканува да избувне во ЕУ додека Европа се приближува кон зимата, а се зголемуваат повиците да се постигне согласност секој ват расположлива електрична енергија да се внесе во европската енергетска мрежа. Германија, во меѓувреме, останува на одлуката за исклучување на сите нуклеарни реактори, предизвикувајќи зголемена фрустрација кај нејзините соседи. Додека […]

Брутално поскапеа новите станови во Загреб


  Покрај кризата и големата инфлација, пазарот на недвижности во Хрватска цвета. Побарувачката за квалитетни станови и деловни простории и понатаму е поголема од понудата. Во првите седум месеци издадени се 7 отсто повеќе градежни дозволи отколку лани. Градежниците имаат работа преку глава, иако цените на новоградбите достигнуваат рекордни нивоа и се 20 отсто повисоки […]

Бајден: Пандемијата на Ковид е завршена


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа. – Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот. – Ако погледнете, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма. Работите се менуваат и мислам дека тоа е […]

Кејт Мидлтон се сретна со Олена Зеленска


Принцезата од Велс, Катрин – Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленска, пред денешниот погреб на кралицата. Инаку, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на погребот ќе го застапува нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата. Во комбинација со едноставен црн […]

Пад на азиските берзи, се стравува од глобална рецесија


  На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите бидејќи инвеститорите не се подготвени да ризикуваат, со оглед на тоа што оваа недела се очекуваат покачувања на каматите од голем број централни банки, што дополнително ќе го забави и онака бавниот раст на светската економија. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, беше намален за […]

Руските сили истрелале три ракети и извршиле 22 воздушни напади за 24 часа


  Украинската армија рано утринава соопшти дека руските сили истрелале три ракети и извршиле 22 воздушни напади за 24 часа. „Зафатена е инфраструктурата во повеќе од 30 населени места“, велат од Армијата.Тие додаваат дека украинските сили вчера погодиле 14 руски објекти. Украинскиот гувернер на Луганската област Сергеј Хајдај изјави дека во текот на вчерашниот ден […]

Реставрирање на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес


  Познатиот голем знак со буквите „HOLLYWOOD“ (Холивуд) на ридот над Лос Анџелес ќе биде реновиран, соопштија вчера тамошните власти. Знакот со огромни букви е поставен 1923 година, со поглед кон светскиот центар на филмските студија. Реставраторските зафати ќе почнат денеска и ќе траат околу осум недели, соопшти надлежниот орган за заштита на споменикот, висок […]

Продолжува комисиската расправа за изборот на Јовески за уставен судија


  Членовите на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжат расправата за изборот на јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија. На седницата што се одржа во петокот заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова најави дека опозициските пратеници ќе имаат долги говори, и го повтори ставот на […]

Тројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието


  Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието. Судиите Радевска-Стефкова, Герасимовски и Николовски влегуваат во Судскиот совет, откако добија најголема поддршка од нивните колеги на спроведените избори на 14 септември. Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови […]

Бужаровска прв македонски автор објавен од францускиот издавач Галимар


  Во Франција деновиве излезе збирката раскази на Румена Бужаровска „Мојот маж“ преведена на француски од Марија Бежановска и објавена како „Mon cher mari“ (Éditions Gallimard, 2022). Бужаровска е прв македонски автор објавен од Галимар, издавачка куќа која постои од 1911 и е меѓу најголемите и најстарите во Франција и во Европа. Француското издание на […]

Промоција на изданието на Државниот архив – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од Виктор Габер


  Во НУ Музеј на македонската борба денеска ќе биде промовирано изданието на Државниот архив – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер. Оваа студија претставува осврт на темата Македонија и Македонците во преодот од 19 и 20 век од страна на антропологот и етногеографот со словенечко потекло Нико Зупанич (1876 […]

Изложба „Interruption – Intersection“ на Андријана Андреева


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на уметницата Андријана Андреева, која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки проект, насловена „Interruption – Intersection“. Според уметницата, станува збор за проект кој е еден вид социолошки експеримент. Проектот, како што вели Андреева, се одвива во две фази. -Во првата фаза […]

Фестивал на камерната музика „Скупи КамерФест“ во Филхармонија


  Во Националната Филхармонија во Скопје вечер ќе биде одржан третиот концерт на фестивалот на камерната музика „Скупи КамерФест“. Концертот е во организација на здружението „Муза“, а во соработка со здружението „Арт Линк“ од Белград. Концерт ќе одржи италијанскиот пијанист Алберто Феро од Скопје, заедно со камерната група Камерата Балканика. Италијанскиот пијанист Алберто Феро е […]

Студено утро, а потоа сончево со умерена облачност


  Времето утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до […]

Шпанија по четврти пат европски кошаркарски шампион


Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат се искачи на европскиот кошаркарски трон. Избраниците на селекторот Серџо Скариоло синоќа во финалето на Евробаскет 2022 ја совладаа Франција со 88:76. Хуан Хернангомез со 27 поени беше најефикасен во победничкиот состав, Еван Фурние со 23 се истакна во поразениот тим. Шпанците клучната разлика ја направија во првото полувреме […]

Украинските сили ја презедоа контролата и на левиот брег на реката кај Харков (Видео)


  Украинските сили ја преминаа реката Оскил во североисточниот регион Харков и сега ги контролираат двата брега на реката, соопшти во неделата војската на земјата. „Вооружените сили на Украина ја преминаа реката Оскил. Од вчера Украина го контролира и левиот брег“, објави украинскиот Центар за стратешки комуникации на Телеграм. Центарот објави и видео на кое […]