Пожар во старите бараки спроти УЈП


Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи. Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни. Веќе се интервенира на пожарот.

Нуредини: Доколку е во ред понудата за Чебрен, ќе се потпише во ноември


Имаме уште 50 денови да направиме евалуација на понудата и потоа, кон почетокот на ноември ќе утврдиме дали е се во ред и ќе преминеме кон потпишување на договорот за Чебрен, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, осврнувајќи се на проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен. – Чебрен е еден […]

Ковачевски: Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик


Премиерот Димитар Ковачевски одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2001-та година одбегнал да служи во армијата, односно дезертирал додека траеше внатрешниот конфликт со ОНА. „ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што […]

Сијарто: Војната му донесе многу неволји на светот, потребен е итен прекин на огнот и преговори


Војната му донесе многу неволји на целиот свет, затоа е време земјите да се обединат за мир, порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во објава на својот Фејсбук профил. Во објавата посветена на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое Сијарто по седми пат ја претставува Унгарија, тој посочи дека годинашното Генерално […]

Повторно тензична атмосфера во комисијата при расправата за Љубомир Јовески


  Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи во тензична атмосфера, откако пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петковска со процедурални забелешки обвини дека претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, на минатата седница прекршила неколку членови од Деловникот. На тоа Георгиевска образложи оти Комисијата никогаш не го прекршила Деловникот, по што пратениците […]

Анкета на „Конрад Аденауер“: Над половина од граѓаните го отфрлаат францускиот предлог


  Придружувајќи се кон одбележувањето на трите децении од воспоставувањето на надворешната политика, како и на одбраната на а Македонија, Фондацијата „Конрад Аденауер“ објави публикација  „30 години надворешна политика и одбрана“ која вклучува и анкета. Според анкетата, Борис Трајковски е претседателот што највисоко го вреднуваат граѓаните досега, Армијата има поголем рејтинг од дипломатијата, а 57.1% […]

Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание


Црногорскиот премиер во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека САД се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица и оти американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание. Тој во интервју за Д Павловиќ Тудеј (The Pavlovic Today) оцени дека корупцијата е генератор на национализам, пренесоа денеска црногорските […]

Новите членови на Судскиот совет ќе се залагаат за доследно почитување на критериумите при избор на судии


 Новите членови на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие, како што посочија во изјавата за медиумите, ќе се залагаат за доследно почитување на критериумите при избор на судиите и нивно напредување во судската кариера, како и за севкупно зголемување на довербата […]

Австриската „Инфинеон технолоџис“ обезбеди електронски развојни плочки за ФЕИТ


Австриската компанија „Инфинеон технолоџис“ (Infineon Technologies AG – www.infineon.com) обезбеди 135 развојни плочки за потребите на студентите во настава и истражувачка работа на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ. Целта на поддршката е да се подобри квалитетот на наставниот процес за студентите и нивната практична работа. Соработката меѓу компанијата и Факултетот се базира […]

Пензиските друштва најавуваат нови „Пензиски паркови“


  Трите пензиски друштва, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, најавуваат нови садења во дворовите на средните училишта во рамки на кампањата „Засади желба за поубава иднина“. По 6-годишните кампањи насочени кон едукација и информирање на населението за придобивките од членувањето во задолжителниот и […]

„Гранд Ривер“- совршен дом за модерни, урбани семејства, креиран за слобода и индивидуалност


  Динамичниот начин на живот и постојаната трка за кариерен развој и престиж стануваат едни од базичните карактеристики на урбаните семејства кои живеат во светските престолнини. Брзото темпо на живот наметнува и потреба од практичност при носење на важните животни одлуки, како што е изборот на нов дом. Пониските трошоци за домување, блискоста до образовните […]

Заслужен одмор: Преморените чувари на ковчегот на кралицата снимени на пауза


  Чуварите на ковчегот на кралицата Елизабета Втора снимени се како паузираат во текот на своите шесточасовни смени. Фотографијата од стражарите кои одмараат ги прикажува во текот на една од своите 20-минутни паузи во смената, а објавена е на Твитер профилот на британското Министерство за одбрана со опис: „Оружените сили на Обединетото Кралство продолжуваат да […]

Индија го забрани извозот на ориз, еве кој ќе биде најмногу погоден


  Индија, најголемиот светски извозник на ориз, ги забрани испораките на скршен ориз – потег што ќе одекне низ Азија, велат аналитичарите на финансиската холдинг компанија Номура. Во обид да ги контролира домашните цени, владата го забрани извозот на скршен ориз и воведе данок од 20 отсто на извозот на повеќе видови ориз почнувајќи од […]

Промените во монетарната политика се оправдани и неопходни, вели професорот Никола Поповски


  Професорот Никола Поповски и поранешен министер за финансии вели дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата. Тој интервју за МТВ нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и […]

Подгответе се за распад на Русија?


Станува сѐ појасно дека Украина ќе победи во оваа војна и дека Кремљ се соочува со историска криза во довербата, пишува британски „Телеграф“. Постои реална можност дека откриените слабости на претседателот на Русија Владимир Путин се толку сериозни што може да бидат почеток на крајот – не само на неговиот режим, туку и на самата […]

Пренос во живо од погребот на кралицата Елизабета Втора


Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон. Таа ќе биде погребана вечер во капелата „Свети Џорџ“ до замокот Виндзор. Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската […]

Ева од Тетово е Мис Тин на изборот „Мис туризам јуниверс“ во Бејрут (фото)


Во Бејрут, Либан, се одржа деветтото издание на интернационалниот избор за женска убавина MISS TOURISM UNIVERSE 2022.     Нашата држава ја претставуваше 19годишната Ева Јовановска од Тетово, која успеа да освои дури две титули :Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на  девојки до 19 години и титулата 6та придружничкa (6th runner up) вкупно, значи […]

Едно лице загина, 60 се повредени во тропската бура во Јапонија


Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а најмалку 60 се повредени откако тропската бура Нанмадој го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север кон Токио. Улиците беа преплавени со матна вода од реките, а многу домаќинства останаа без струја кога тајфунот Нанмадој вчера го погоди регионот Кјушу. Еден човек е пронајден […]

Прогласена идеалната петорка на Евробаскет 2022


  ФИБА ја прогласи идеалната петорка на Евробаскет 2022 година. Во „Ол-стар“ тимот на турнирот се најдоа: Јанис Адетокунбо (Грција), Руди Гобер (Франција), Денис Шредер (Германија), Лоренцо Браун (Шпанија) и Вили Хернангомес (Шпанија). За најкорисен играч (МВП) на 41. Европско првенство е прогласен Хернангомез (Шпанија).

Од денеска ремонт на Блок 1 на РЕК Битола, во погон е ставен РЕК Осломеј


  АД ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона. Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од […]